Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

 

Ноќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.07.2026 во 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.07.2026 во 00:10 часот во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
На 11.07.2026 во 00:20 часот, во СВР Охрид лишена од слобода е Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност