На 23.04.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје С.Д.(29) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р.(35) од Скопје. Исто така и Е.Р. пријави дека бил физички нападнат од С.Д., а употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.04.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 22.04.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.04.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В.(18) од Скопје. Од полициски службеници од СВР Скопје О.В. бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.04.2026 во 20:20 часот во ОВР Делчево 57- годишен маж пријави дека неговиот зет за ќерка, М.Б. од Делчево. ја избркал од домот ќерката на пријавителот и не и дозволил да го земе нивното бебе. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.