Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Четири лица се лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Четири лица се лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 13.06.2026 во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.К. од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. 

На 13.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека на 13.06.2026 околу 18:00 часот, Б.З.(36) од скопско, партнер на неговата сопруга, со која подолг период не живеат заедно, упатувал закани на неа, него и неговото семејство.  Според пријавеното, Б.З. и во изминатиот период упатувал закани и објавувал компромитирачки содржини на социјална мрежа од неговата се уште законска сопруга. 

На 13.06.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата 21-годишна ќерка, а притоа им упатувал и закани на неа и нејзиниот партнер. 

На 13.06.2026 во 12:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода О.Б.(44) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:55 часот во семејната куќа, по кратка расправија, се заканувал на неговата 37 - годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од малолетната ќерка. Според пријавеното, лицето подолг период врши психичко малтретирање на сопругата. Тој е задржан во полициска станица.
 
На 13.06.2026 во 23:20 часот во ОВР Гостивар, И.Т.(70) од гостиварско село пријавила дека околу 18:30 часот во дворот од семејната куќа, нејзиниот син М.Т. упатил на неа и на неговиот брат поради нерасчистени судски спорови околу семејниот имот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.06.2026 во 13:30 часот во село во општина Македонска Каменица,  полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода С.М.(45) од Виница, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 41-годишен брат дека подолг временски период пријавениот во семејниот дом во селото психички и физички ги малтретирал него и нивниот татко, а притоа им упатувал ѝ закани. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево.
 
На 13.06.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го приведоа Г.Ф.(55) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот  во семејниот дом упатувал закани на неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, во временски период од месец март 2021 па се до денот на пријавата,  таа била психички малтретирана од нејзиниот сопруг. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани. 

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност