На 21.06.2026 околу 01:20 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Е.(37) од Штип, постпаувајќи по претходна пријава дека физички ја напданл неговата сопруга.
На 21.06.2026 во 01:35 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.С.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
На 20.06.2026 во 01:40 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 31-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и се обидел да ја нападне со остар предмет.
На 20.06.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 33-годишна жена од скопско, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен сопруг, со кој се во бракоразводна постапка, дека во семејниот дом агресивно се однесувала кон него и му упатила закани. Подоцна, во 23:30 часот, 33-годишната жена пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет.
На 21.06.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријави дека на 20.06.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, таа и нејзиниот поранешен сопруг, биле физички нападнати од нејзиниот 36-годишен партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.