На 22.06.2026 во 19:43 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Б.К., со кого биле во бракоразводна постапка и упатувал закани.
На 22.06.2026 во 19:05 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со В.К.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.06.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 35-годишна вонбрачна сопруга.
На 22.06.2026 во 15:25 часот во СВР Скопје, 59-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил психички малтретиран од неговиот татко Ј.Ф.. На 23.06.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Л.(34) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
На 22.06.2026 во 01:00 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со повреди и за укажување помош дошла 44-годишна жена од Тетово. Според пријавеното, по претходна расправија, таа била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.И.(63) од тетовско село.
На 22.06.2026 во 23:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Џ.А.(40) со престој во Штип затоа што физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга.
На 21.05.2026 во 10:00 часот во ОВР Кочани е извршен службен разговор со Ш.А.(20) со престој во Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 74-годишен дедо од виничко дека во 09:30 часот во семејниот дом физички го нападнал и му упатил закани.
На 22.06.2026 во 17:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.Д.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал и физички го нападнал неговиот 29-годишен внук од сестра. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 22.06.2026 во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С.(33) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово, се однесувал агресивно и физички ги нападнал неговите родители. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.