Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

На 05.07.2026 околу 14:20 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари малолетната ќерка на пријавителката била физички нападната од нејзиниот партнер А.Е.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.07.2026 во 00:20 часот во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Р.С. (33) од Гостивар, постапувајќи по пријава од неговиот 56-годишен татко дека Р.С. физички го нападнал во нивниот семеен дом во Гостивар. Р.С. е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06.07.2026 во 00:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 33-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.07.2026 во 18:30 часот во СВР Куманово 66- годишна жена од Куманово пријави дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзините внуци Л.С. и Л.С. .Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.07.2026 во 21:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ж.Д. (43) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал и се заканувал кон неговата сопруга и син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 05.07.2026 во 20:00 часот  во ОВР Прилеп, 25-годишна прилепчанка пријави дека додека била во  домот на нејзината сестра во Прилеп, дошол нејзиниот невенчан сопруг и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


На 05.07.2026 во 23:00 часот  во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ј.Ѓ.(57) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност