Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од помошник на министерот на Центар за обука учествува на 14. Меѓународна конференција и Генерално собрание на Меѓународната асоцијација на полициски академии каде членуваат околу 85 полициски академии од 65 држави во светот, која од 06 до 09 ноември се одржува во Кападокија, Република Турција.
На Генералното собрание со гласање на сите членки, Центарот за обука на МВР стана дел од Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација ИНТЕРПА.
Во апликацијата за влез во Извршниот одбор, помошник министерот Митковски ги истакна постигнатите резултати во работата на Центарот за обука и тековните реформи на МВР во зајакнување на капацитетите за унапредување на полициската обука.
За време на ова Генерално собрание се одржува и Меѓународна конференција со панел сесии на кои се разговара за унапредување на полициските обуки во областа на Компјутерскиот криминал, согласно Националните стратегии на државите членки на ИНТЕРПА.