На 30.10.2026 во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои вршат непрописно престигнување.
При контролата констатирани се вкупно 128 прекршоци за непрописно престигнување, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Во рамки на контролата евидентиран е и еден случај на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Во текот на контролата констатирани се и 189 прекршоци од друг вид.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не преземаат ризични маневри и да престигнуваат само кога тоа е дозволено и безбедно, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.