Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола за непочитување на правилата за првенство на минување – за пет часа констатирани 70 прекршоци

Акциска контрола за непочитување на правилата за првенство на минување – за пет часа констатирани 70 прекршоци

На 03.11.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат правилата за првенство на минување.

При спроведената контрола констатирани се 70 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување.

Дополнително, констатирани се и 227 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат внимателни и да ја почитуваат предноста на минување, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, затоа што секој живот е важен!

Мени за пристапност