Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатирани 708 прекршоци

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатирани 708 прекршоци

 

На 08.11.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатирани се вкупно 708 прекршоци за управување со возило со брзина поголема од дозволената, од кои 360 надвор од населено место и 348 во населено место.

Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, констатирани се 98 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила и прописи, да возат внимателно и одговорно, затоа што секој живот е важен!

Мени за пристапност