Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Акциска контрола во Скопје: За шест часа денеска санкционирани 326 возачи

Акциска контрола во Скопје: За шест часа денеска санкционирани 326 возачи

 

Денеска (07.06.2026) во времето од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на град Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа изречени 326 мерки за возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од нив, 92 мерки за управување моторцикл без заштитен шлем ( кацига ),

девет мерки за несоодветна категорија, четири мерки за нерегистрирани мотоцикли, шест мерки за поминување на црвено светло, седум мерки за незастанување на даден знак и др.

Во акциската контрола констатирано е едно кривично дело “безобѕирно управување возило” по чл.297а од КЗ и привремено е одземено едно возило поради сомнение за техничка неисправност (бучава).

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност