На 24.09.2025 во периодот од 09:30 до 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршија акциска контрола за откривање на лица кои вршат јавен превоз без соодветна документација. При тоа, на улица „Браќа Ѓиноски“ биле затекнати пет патнички возила „форд“ со гостиварски регистарски таблички, управувани од М.Ј. од с.Врапчиште, Х.Х. од с.Сенокос, А.Б. од с.Сенокос, Ќ.А. од Гостивар и А.Х. од с.Врапчиште, кои вршеле јавен превоз на патници, без поседување на лиценца. По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.