Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол 

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол 

 

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол. 
Три лица во Куманово, двајца во Гостивар и по еден во Скопје, Прилеп (малолетник), Тетово (учествувал во сообраќајна незгода) и Неготино возеле без возачка дозвола. Додека, по еден возач во Македонска каменица и Кичево (учествувал во сообрќајна назгода ) возеле под дејство на алкохол.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност