Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

12 лица лишени од слобода во Гевгелија, Охрид и Скопје затоа што кај нив била пронајдена дрога

12 лица лишени од слобода во Гевгелија, Охрид и Скопје затоа што кај нив била пронајдена дрога


Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога.

На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле полициските службеници се обиделе да побегнат и до возилото фрлиле марихуана, која е пронајдена и одземена. Остатоци од марихуана се пронајдени и при преглед на возилото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. 

Ноќеска (13.06.2026) во 00:30 часот во Гевгелија, полициски  службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.М.(52) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.М., била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

На 12.06.2026 во 19:55 часот на бул.,,Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од  Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода С.П.(45) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 

На 12/13.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Д.(40), Ч.И.(36), Д.К.(30), Д.Б.(19), Б.Х.(20) и 17-годишник, сите од Скопје, како и А.Н.(22) од с.Желино, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.  

По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност