Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 30.08.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 29.08.2025 во Скопје на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н.(18) од Кратово и Љ.Г.(41) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и семки од канабис. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 29.08.2025 во 22.20 часот во село Требош, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишен малолетник затоа што кај него се пронајдени и одземени 17 паковски со опојна дрога марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 29.08.2025 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Битола во градскиот парк во Битола го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

На 29.08.2025 во два одвоени случаи во Велес од страна на полициски службеници при СВР Велес од слобода се лишени лицата С.Г. (27) и А.М. (22) двајцата од Велес затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, како и зелена растителна материја. Тие се приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 29.08.2025 во 09:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода И.П.С.(34) од Скопје, а по претходна пријава од неговата 36-годишна поранешна сопруга, според која тој дошол во нејзиниот дом во Неготино шри што и упатил закани и физички ја нападнал. И.П.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Неготино и по документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На ден 29.08.2025 година околу 13:20 часот настанат е пожар на помошни простории (летна кујна, шталa и гаражи) лоцирани во дворното место од куќа сопственост на С.К. (44) од село Канатларци, прилепско. Во 15:35 часот пожарот е целосно изгаснат при што констатирано е дека помошните простории биле целосно изгорени, а причинетата материјална шета е проценета на околу 5.000.000 денари. Извршен е увид од вешто лице и екипа на ОКТУПА.

 

На 29.08.2025 во 20.20 часот на граничниот премин Долно Блаце на влез во државата полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.В.(30) од Шведска поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано било дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Финска. Тој бил предаден на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.

 

На ден 29.08.2025 година во 19:30 часот во СВР Тетово Н.М. (33) од село Слатино, тетовско, пријавил кривично дело „измама“  (предвидено и казниво по чл.247 ст.1 од КЗ на РСМ) извршено над него од страна на лицата И.А. и Е.А. од село Шемшово, тетовско, при што бил оштетен за износ од 2.000 евра. Според наводите во пријавата во текот на април месец годинава од страна на пријавените купиле од Н.Д. столариски алат во висина од 4.500  евра од кои што му исплатиле 2.500 евра, иако во меѓувреме дознал дека пријавените купениот алат го препродале. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На ден 29.08.2025 година во 15:00 часот В.Б. (45) од Гостивар во ПС Гостивар пријавил дека истот ден околу 14:00 часот на ул„ Илинденска“ во Гостивар во сервис за возила,  по кратка вербална расправија  бил физички нападнат од страна на лицето В.И. (71). По превземени мерки од страна на полициски службеници В.И. е приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот. 

 

На ден 29.08.2025 во ПС Гостивар С.Б. (52) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на улица „Циглана 1“ пред простории на хуманитарно здружение, тој и неговата сопруга С.Б. биле физички нападнати  од две женски лица. По превземените мерки од страна на полициски службеници приведени се лицата С.Е. (29) и З.Е. (37) и двете од Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Денеска (30.08.) околу 22:15 часот Д.Н.(19) од Скопје пријави дека вчера околу 22:00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 29.08.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ј.(41) од една страна и А.Т.(49) и Н.А.(38) од друга страна сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 29.08.2025 година во СВР Скопје Д.Г. (88) од Велес пријавила дека на 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што пријавителката и го сторила. Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци а потоа со автобус се вратила во Велес. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 29.08.2025 година во 14:00 часот, во СВР Куманово В.С. (50) од Куманово пријавила дека нејзината ќерка Т.З. (22)од Куманово се оддалечила од здравствена установа од Скопје каде што била на лекување. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

На 30.08.2025 година во 05:10 часот во СВР Куманово лицето Б.Ц. пријавил дека на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово има опожарено возило марка „ланд ровер“ сопственост на А.Г. Пожарот е локализиран од страна на сопственикот и негов сосед. По насоки на дежурен ЈО увидна екипа на ОКТУПА при СВР Куманово извршила  увид на лице место при што е констатирано дека пријавениот пожар е подметнат од страна на НН сторител на начин што  со непозната течност возилото е испрскано во различни, по што течноста е запалена, а сторителот без да биде забележан од никого се оддалечил од местото на настанот. Причинета е материјална штета околу 120.000 денари. 

 

На 29.08.2025 во 21:24 часот во СВР Скопје А.С.(42) од с.Кондово,скопско пријави дека на кровот од помошна просторија во неговиот двор пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје зрното е подигнато од местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 29.08.2025 во 15:30 часот во Полициската станица Кисела Вода извршен е разговор П.Д.(26) од Скопје по претходна пријава дека околу 11:00 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар му упатувал закани на Д.Д.(42) од Скопје вработен како лекар кој бил на своето работно место.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 29.08.2025 во 15:10 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(47) од Скопје затоа што откако претходно полициски службеници го сопреле пријавениот поради сторен сообраќаен прекршок истиот им упатувал закани, а притоа ги снимал со неговиот мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 29.08.2025 во 18:20 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишен и 15-годишен малолетник, двајцата од скопско поради постоење основи на сомнение дека истиот ден околу 16:40 часот со употреба на физичка сила, од У.Д.(23) од Скопје кој извршувал работни задачи како доставувач на пратки, му го одзеле ранецот со пратки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 28.08.2025 година во 19:50 часот, во СВР Битола С.Х.Д.(32) од Шведска, со моментален престој во Дебар, пријавил дека на улицата „Широк сокак” во Битола, му пристапиле неколку непознати  лица на возраст од околу 20 години кои што сакале да му ја соблечат маицата што ја носел а на којашто имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна на маицата. Според пријавителот откако увидел дека не може да се одбране од лицата ја соблекол маицата и им ја дал, по што тие заминале во непознат правец. Се вршат проверки за настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

Мени за пристапност