Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Л. (47) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.08.2025 во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген пасат“, при што кај пријавениот бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н. (19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2025 на бул. „Трета македонска ударна бригада“, кај Зелен пазар во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, по што на тезга каде продавал, биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И. (58) од с. Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на август 2025 на парцела во с.Дебреше, гостиварско, започнал градба на куќа, без претходно издадено одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. (27), Н.Ј. (26), М.С. (21) и Х.П. (19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.10.2025 пред угостителски објект во Куманово, пријавените физички нападнале вработен од обезбедувањето, откако претходно оштетиле дел од инвентарот во објектот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(36) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 31.12.2025 во Делчево, пријавениот физички нападнал полицискиот службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ц.М. (68) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 04.01.2026 на земјен пат, во атар на с.Селце, штипско, пријавениот со остар предмет и тврд предмет упатувал закани кон едно лице.
На 29/30.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Г.(34) и П.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.01.2026 во 05:00 часот во с.Љубин, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.У.С.(23), О.Т.С.(19), О.Т.(18) и У.А.Е.(18), сите од Р. Турција. Кај О.Т. се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, кај У.А.Е. се пронајдени и одземени метален боксирач и нож, а заедно со Ј.У.С. и О.Т.С. се обиделе да избегаат со патничко возило кога ги виделе полициските службеници, но биле спречени во намерата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријави дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н., кој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 30.01.2026 во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.01.2026 во 21:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во продажен објект на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.01.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје, К.Н.(23) од Скопје пријави дека околу 05:00 часот во с.Сарај, скопско, на подот во соба од куќа, сопственост на неговата баба Ј.Д.(68), пронашол зрно од огнено оружје, кое претходно оштетило прозорец и ѕид. Нема повредени лица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.01.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(28) од Куманово пријави дека околу 14:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички го нападнало, а двајца му се заканиле со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.01.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 58-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар со тврд предмет била нападната од нејзината 19-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.01.2026 во 17:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.С.(34) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.