Денеска (28.08.2025) во 09.43 часот во СВР Штип, е пријавено дека кај с.Облешево, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки управувано од Т.Н.(44) од с.Уларци, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Денеска (28.08.2025) во 14:20 часот во СВР Тетово бил лишен од слобода Н.М.(33) од с.Слатино тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице во вршење работи на безбедноста, а по претходна пријава од страна на И.А. полициски службеник од СВР Тетово, кој што истиот ден во просториите на полициската станица бил физички нападнат од пријавениот. Според пријавата Н.М. околу 13:15 часот дошол на работното место на пријавителот и откако упатил вербални закани по животот на И.А. и на членови од неговото семејство, физички го нападнал пријавителот. Инаку на 27.08.2025 во 18:10 часот во врска со истиот настан во СВР Тетово и Н.М. поднел пријава против И.А. поради сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 27.08.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје А.С.(33) од с.Велебрдо, пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје 40-годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Т.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје Ј.М.А.(53) од Скопје пријавила дека на 26.08.2025 околу 12:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2025 во 13.40 часот во СВР Скопје Џ.С.(63) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на подрачјето на Карпош едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (28.08.2025) околу 03.27 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.К.(58) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Денеска (28.08.2025) во 03.40 часот во СВР Скопје Љ.В.(58) од с.Идризово,скопско пријавил дека од страна на две лица со запалива течност било опожарено патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на неговиот син по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот. Од страна на пријавителот пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
На 27.08.2025 во 17:25 часот во с.Нереште, општина Теарце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Б.(46) и Б.М.(49) двајцата од с.Нераште, поради тоа што околу 09:00 часот во с.Нереште, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале Ј.А.(44) од с.Јажинце, општина Јегуновце, а употребиле и тврд предмет, а при обид да ги спречи во намерата, физички ја нападнале и неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (28.08.2025) во 00:20 часот во ОВР Гостивар, Ф.А.(42) од с.Долна Бањица, гостиварско пријавил дека на 27.08.2025 околу 22:00 часот во с.Долна Бањица по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.08.2025 во 20:25 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Р.Б.(62) и Н.Б.(35) двајцата од Тетово, по претходна пријава дека во угостителски објект физички го нападнале К.Б.(53). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2025 во 13:30 часот во село во општина Боговиње, полициски службеници од Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода Е.З.(76) од с.Горно Седларце, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 38-годишна снаа. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2025 во 11:30 часот, по претходна судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, извршиле претрес во домот на Т.Ј.(84) од Велес. При претресот, биле пронајдени и одземени ловен карабин „маусер“, ловна пушка „бајкал ИЖ 12“, 12 патрони за ловна пушка и 11 куршуми за ловен карабин, а во просториите каде престојувал неговиот син З.Ј.(52) била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил известен Јавен обвинител и по документирање на настанот против Т.Ј. и З.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 27.08.2025 во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.
Денеска (28.08.2025) во ОВР Кочани, било пријавено дека околу 04:45 часот во Кочани настанал пожар во куќа сопственост на Б.В.(46) од Кочани, при што бил опожарен вториот кат од куќата. Од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
На 27.08.2025 во 12:24 часот во СВР Куманово, М.Н.(42) од Р.Србија пријавил дека на бензинска пумпа во Куманово, бил физички нападнат од М.И.(58) од с.Ваксинце, општина Липково. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2025 во 20:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека во Куманово, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу А.С.(43) и Н.А.(38) двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.В.(43) од Скопје, В.А.(26) и Б.Д.(37) двајцата од с.Арачиново,скопско затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 27.08.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ј.(44) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес. Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 27.08.2025 околу 08:30 часот во СВР Штип, е пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ со ул.„Велко Влаховиќ“ во Штип, И.П.(79) од Штип управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 27.08.2025 околу 10:00 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на крстосницата од Плоштад „Маршал Тито“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „југо“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.Б.(76) од Куманово удрило во 77-годишната В.И. од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.И. констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 27.08.2025 околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот.
На 27.08.2025 во 23.30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на крстосницата од бул.„Алeксандар Македонски“ и ул."Илија Алексов" во Радовиш 15-годишен малолетник управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.