Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.06.2025

На 27.06.2025 во 11 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во с.Врапчиште, на „Врапчишки мост“, мотоцикл со гостиварски регистерски ознаки, управуван од С.М. (52) од с.Добри дол, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.М., констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

Денеска (28.06.2025) во 01.10 часот во Скопје, во населбата Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 27.06.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале електричен велосипед „бенели“, управуван од 55-годишната С.Ј. и пешакот З.Н.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 27.06.2025 околу 17.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосницата од ул. „Јордан Хаџи Констатинов- Џинот“ со ул.„Браќа Капчеви“ и ул.„Ангел Мишев“ во Велес, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.З.(27) од Велес, удрило во пешакот Г.С.(70) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.С., констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес

 

На 27.06.2025 во 10.50 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат во с.Драслајца,струшко, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Р.Ј.(69) од с.Драслајца излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Ј.(63) од с.Драслајца, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.

 

На 27.06.2025 во 19.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај с.Велешта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(23) од с.Подгорци,струшко и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од И.П.(31) од Р.Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.С.(18) од с.Лабуништа,струшко, од возилото со струшки регистарски ознаки. Со телесни повреди се здобиле И.П. и неговиот сопатник Ј.И.(29) од Р.Албанија од возилото со албански национални ознаки, а исто така со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички од возилото со струшки регистарски ознаки. Повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

 

На 27.06.2025 во 10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода B.М.(57) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“, по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги. Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 06.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што е пронајден и одземен нож со остатоци од кокаин и прашкаста материја, а при извршен претрес во домот на пријавената е пронајден и одземен амфетамин.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Д.(36) со живеалиште во Скопје, а престојувалиште во Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 31.05.2025 пријавениот, во влезот на станбена зграда во Штип, физички нападнал 14-годишното дете.

 

На 26.06.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж од Скопје пријави дека непознато лице ги злоупотребило неговите лични податоци и во негово име во текот на 2021 година подигнало два кредити од финансиско друштво. На 24.06.2025 на домашна адреса му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари, при што сфатил дека била извршена измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.06.2025 во 17.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово,скопско, настанал пожар во пилана сопственост на Ј.В. од Скопје. Од Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот е изгаснат. Повредени лица нема.

 

На 27.06.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од велешко пријави дека на подрачјето на Драчево нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот 16-годишен партнер и со остар предмет и нанел расекотина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (28.06.2025) во 07.30 часот во СВР Скопје 48-годишна жена од Скопје пријави дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот партнер И.Д.(49) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 27.06.2025 во 16.30 часот во СВР Битола, И.Ј.(32) од Битола пријавил дека околу 12.30 часот во Битола, машко лице со закана со остар предмет му го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (28.06.2025) во 00.50 часот во СВР Битола е пријавено дека во кругот на јавно претпријатие во Битола настанал пожар, при што опожарен бил трактор, а од пожарот било зафатено и комбе „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, двете сопственост на јавното претпријатие. Нема повредени лица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

Денеска (28.06.2025) во 03.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека во периодот од 02.00 до 03.45 часот во продажен салон на мобилен оператор во Куманово, било скршено стаклото од влезната врата, при што се одземени неколку мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.06.2025 околу 15 часот во Полициската станица Пехчево е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево. При тоа, според пријавеното, В.Т. ја турнал В.П.Н. во прозорецот, при што В.П.Н. паднала во дворот на објектот. На В.П.Н. и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а В.Т. е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

                           

На 27.06.2025 во 17.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на место викано „Авлии“ во с.Ранчинци, Свети Николе, настанал пожар во кој опожарени биле една викендица, две помошни простории и сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица-Свети Николе. Повредени лица нема. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен увид од увидна екипа од СВР Свети Николе. 

Мени за пристапност