На 27.02.2025 во 16.00 часот во с.Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња. За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.02.2025 во 23.50 часот на паркинг простор во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.К.(41) од истото село. При преглед во патничко возило „рено“, во кое бил со С.К.(28) од с.Велгошти, кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.02.2025 во 19.40 часот на улица ,,146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода АХ.(44) и И.Х.(46), двајцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 19.00 часот на ул.„Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(27), С.Р.(19) и Р.М.(31), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 21.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.Б.(24) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.В.(29) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.С.(36) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 околу 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(22) од с.Опае, општина Липково, удрило во пешакот Т.Д.(91) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 27.02.2025 во 17.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за с.Пискупштина кон с.Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(51) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(47) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката Ф.И.(46) од с.Делогожда, струшко, од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, И.Л.(73) од с.Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.
На 27.02.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.А.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 27.02.2025 во 11.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.Ш.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 27.02.2025 во 14.35 часот во Полициската станица Чаир, И.М.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 27.02.2025 во 17.00 часот во Полициската станица Чаир, З.Т.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 27.02.2025 околу 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана. Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик. На 10.01.2025 пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставаат возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини извори“, го земал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
Денеска (28.02.2025) во 00.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.П.(50) и Н.П.(21) од една страна и Р.Ш.(48) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.02.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје, А.К.(50) од Скопје пријавила дека во ходник од основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2025 околу 13.00 часот во СВР Скопје, М. А.(23) од населба Илинден - Скопје пријавил дека на 16.02.2025 околу 02.00 часот, по претходно недоразбирање, пред ноќен клуб на подрачјето на Карпош бил физички бил нападнат од Л.Т. и уште едно машко лице, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2027 во 17.50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Д.К.(48) од Скопје пријавила дека на работното место во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот во училиштето била физичка нападната од К.А. и Д.А., родители на нејзина ученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот во соблекувална од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, неговата малолетна ќерка и неколку нејзини соученички биле физички нападнати од наставничката Е.Ј., која употребила и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.02.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 27.02.2025 во 13.00 часот во СВР Битола, В.Б.(37) од с.Острец, битолско, пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.
На 27.02.2025 во 17.40 часот во СВР Битола, Т.М.(60) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Р.(32) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 09.12.2024 во ходник од станбена зграда во Виница, пријавената физички нападнала 14 - годишно дете и му нанела повреда.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Б.(21) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.02.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, кој бил патник во автобус со албански национални ознаки, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Л.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Во периодот од 06.12.2024 до 10.12.2024, пријавениот неовластено навлегол во електронскиот систем на трансакциската сметка од банка на лице од Штип, при што неовластено ги прибавил неговите податоци и подоцна ги употребил податоците и со неговата картичка извршил 21 успешна трансакција на 13 продажни места во Штип и Радовиш, како и четири неуспешни трансакции. Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 24.370 денари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(71) од Охрид поради постоење основи за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 05.06.2024 на шалтер во подружница на банка во Охрид, пријавената извршила уплата на девизни средства, при што вработена во банката утврдила дека една банкнота со апоен од 100 евра била фалсификувана.