Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.08.2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.В.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 25.03.2025 на магистралниот пат  Подмоље- Ќафасан, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Р.(72) од с.Теово, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 18.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол со рамка „црвена застава“, револвер, пушка и куршуми.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Б.(58) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2025 година на катастарска парцела во Струга, на државно земјиште, пријавениот бесправно изградил објект.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. од с.Горно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 21.06.2025 во Струга, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел“, при што било констатирано дека пријавениот со возилото вршел јавен превоз на патници без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.К.(60) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистините содржина“. На 17.02.2025 во Кичево, при сообраќајна контрола на товарно возило „ман“ со приколка, кое го управувал, на увид приложил испратница за превоз на огревни дрва со невистинита содржина, издадена од правно лице од струшко, односно испратницата била потпишана од лице кое две години не било вработено во правното лице.

 

На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки“ со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.

 

На 26.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(22), Н.Б.(26) и 17-годишник, сите од Скопје и О.Љ. (40) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 26.08.2025 во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес, К.П.(25) од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.

 

На 26.08.2025 во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44) од Велес удрило во пешакот Ј.Д.(69) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ. Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно ОВККИПС против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

 

На 26.08.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, Ж.Б.(45) од Скопје пријавила дека на 25.08.2025 околу 10:00 часот, додека била на нејзиното работно место во Основен кривичен суд Скопје,  Л.А.  и  упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.08.2025 во 14:10 часот во СВР Скопје, В.П.(56) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За настанот бил известен трудов инспектор.

 

На 26.08.2025 во 19:50 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син И.З.(29) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.08.2025 во 16:50 часот во СВР Скопје, С.П.(29) од Скопје пријавил дека околу 13:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.08.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, Т.М.(82) од Скопје пријавила дека околу 19:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и одзело ранец со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.08.2025 во 12:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Д. (24) од Скопје затоа што во 11:45 часот на подрачјето на Центар, во Скопје, физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.08.2025 во 15:30 часот на локален пат од с.Палчиште, тетовско, кон с.Голема Речица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.Ј.(19) од с.Камењане, тетовско. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ј., кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (27.08.2025) во 05:00 часот во СВР Тетово, Л.Д.(24) од с.Градец, општина Врапчиште, пријавил дека околу 03:00 часот во дворот од семејната куќа во селото, три лица му го оштетиле паркираното возило, а при обид да ги спречи, едно од лицата му се заканило со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.08.2025 во 12:00 часот во СВР Тетово, Н.Р.(39) од Тетово пријавил дека околу 08:45 часот, по претходно недоразбирање, едно лице со возило „фолксваген голф“ го удрило и го напуштило местото. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.08.2025 во 07:40 часот во Гостивар, полициски службеници, од ОВР Гостивар го привеле Д.Ј.(49) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,63 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.08.2025 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека при ископ и вршење градежни активности на имот на правно лице на бул.„Борис Трајковски“, на подрачје на Кисела Вода во Скопје,  била оштетена цевка од гасовод, при што имало истекување на гас. Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и инспектор за животна средина излегле на местото и било констатирано дека од страна на фирмата „Нома гас“ биле исклучени вентилите и појасниле дека на местото нема присуство на гас. Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 291 од Кривичниот законик – „уништување или оштетување на јавни инсталации“. 

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност