Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.07.2025

На 25.07.2025 во СВР Тетово е пријавено дека околу 22.50 часот на регионалниот пат Желино-Сиричино, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш. (19) од село Шемшево, општина Јегуновце, излетало од патот. Во несреќата А.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата 14-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ управувано од пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, а при претрес во неговиот дом се пронајдени и одземени куршуми и дигитална вага со остатоци од амфетамин и кокаин.

 

На 25.07.2025 во 20.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле Р.А.(32) од Кочани, поради тоа што во 20.00 часот во двор од семејна куќа, физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2025 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, го лишија од слобода А.Д.(43) од Скопје. Тој претходно, во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје, со нож нападнал две лица вработени во хотелот, а потоа оштетил и дел од хотелскиот инвентар. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (26.07.2025) во 04.40 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.А.(44) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (26.07.2025) во 01.05 часот во село Сопиште, скопско,  полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.Т.(33) од Скопје, кој бил со патничко возило „фолксваген голф“, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Љ.А.(25) и А.М.(25), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22). При преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (26.07.2025) во 01.13 часот во СВР Скопје, К.С. (18) од с.Љубанци, скопско, пријави дека кај Транспортниот центар во Скопје  бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

Денеска (26.07.2025) во 01.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, Д.В. (39) од Скопје  бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, неколку пати физички го нападнала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Мени за пристапност