СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.09.2025 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Ч.(50) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 31.12.2025 на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Д.(59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 01.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 26.01.2026 во 03:15 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Ј.(39) од Турција, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, кое го управувал. Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.01.2026 во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол. По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.07.2025 во Градскиот парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед на две лица, кај кои била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот.