Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 25.06.2025

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.С.(57) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Во текот на 2021 година, пријавениот со лажно прикажување на факти со 57-годишник од друго тетовско село се договориле заеднички да купат недвижен имот во атар на с.Шипковица, тетовско, за сума од 74.000 евра. Откако на Х.С. му дал половина од парите и полномоштво да среди службена документација, 57-годишникот заминал на привремена работа во странство. По некое време, од Х.С. тој ја побарал документацијата од купопродажбата, но добил одговор дека нема никаква документација, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, подружница во Тетово, М.С.(56) од Скопје, управител на правното лице и Ј.Ј.(27) од с.Раотинце, општина Јегуновце, вработен во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“. На 10/11.05.2025, при контрола во казино, бил пронајден плик со евра во различни апоени, за кои Ј.Ј. изјавила дека ги разменила во денари на клиенти - играчи во казиното.   

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 01.02.2023 до 10.08.2024, пријавената, претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, имала обврски да ги известува останатите членови на комисијата за фазите при одгледување на канабис во две правни лица-фабрики за производство на медицински канабис во с.Јосифово, валандовско, и да организира вршење на најмалку две контроли над одгледувањето на канабис во периодот од сеење/садење до берба, како и вршење на увид на извршената берба на канабис заради утврдување на бројот на собраните стебла и влажна маса. Но, таа несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности и не ги запазила законските процедури при контрола на одгледувањето канабис во фабриките.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Р.(51) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во периодот од 19.04.2023 до крајот на 2023 година, на негова катастарска парцела пријавениот изградил поткровје без соодветна документација од надлежен орган.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Ч.(46) во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 13.03.2025, пријавениот одзел банкарска картичка од неговата познаничка и во неколку наврати подигнал пари од банкомат и ја оштетил за сума од 107.738 денари.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „фалсификување на огнено оружје“. На 06.02.2025 во с.Сурила, охридско, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две ловечки и две пневматски пушки.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На 19.06.2025, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, од кои едниот починал. На двајцата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена. 

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ќ.К.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.04.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на такси возило „опел вектра“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца од надлежен орган.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Г.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во март 2024, пријавениот со едно лице од Тетово се договорил да купи патничко возило за сума од 2.200 евра, а исплатата да биде за еден месец. Откако го земал возилото го препродал на друго лице и го известил оштетениот дека треба прво нему да му го префрли возилото, по што ќе му ги даде парите. Но, до пријавувањето, тој не му ги дала парите на лицето.

 

На 24/25.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 23-годишната Д.Џ.С. од Скопје, како и М.М.(34) од с.Џепчиште, тетовско и Б.М.А.(40), З.С.Д. (46) и Г.И.С.(47), тројцата од Соединетите Американски Држави, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 24.06.2025 околу 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

На 24.06.2025 околу 15.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Панче Попоски“ во Гостивар, патничко возило „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(46) од Гостивар, удрило во пешакот А.В.И.(41) од с.Форино, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 24.06.2025 околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на локалниот пат за с.Кочилари, велешко, П.С.(55) од Велес, управувајќи мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

 

На 23.06.2025 во 19.25 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Чешиново-с.Соколарци, 64-годишниот Т.С. од с.Чифлик, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, Т.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 24.06.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, А.Е.(18) од Скопје , управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и удрила во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Е., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 24.06.2025 во 18.18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Р.Б.(55) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при колење добиток кај негов пријател. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 24.06.2025 во 18.25 часот во СВР Скопје, С.И.(23) од Скопје пријавила дека околу 17.45 часот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба во Скопје била физички нападната од Б.Б., при што тој оштетил дел од производите во објектот. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.06.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје, Џ.К.(23) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од И.К.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (25.06.2025) во 00.41 часот во СВР Скопје, Д.Г.(20) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот на мостот на реката Вардар кон нас.Керамидиница, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 24.06.2025 во 21.27 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Дреновци, прилепско, настанал пожар во штала сопственост на П.В.(67). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а со повреди се здобил малолетник од с.Дреновци, прилепско, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Исто така, во пожарот изгореле три домашни животни. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Мени за пристапност