Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 22.06.2025

На 21/22.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.К.(24) и Ј.В.(26), двајцата од Скопје, како и С.Д.(28) од Куманово и Д.К. (21) од с.Градско, велешко, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Ј.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.02.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.В.(59) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. На катастарска парцела во Ресен, на земјиште сопственост на РСМ, пријавениот поставил објект без одобрение, со што противправно се стекнал со туѓо земјиште.

 

Денеска (22.06) во 00.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Анте Банина“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.О.(47) од Република Турција, со престој во Штип и мопед „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 21.06.2025 во 12.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од кеј „Македонија“ и плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, Г.Љ.(35) од Охрид, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 21.06.2025 во 11.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, З.З.(42) од Гостивар, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 20.06.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јадранска Магистрала“, кај клучката Приштина, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В.(32), Ш.В.(46), двајцата од село Добрино, скопско и М.В.(25) од Скопје, од една страна и Р.М.(19) и А.М.(25), двајцата од Скопје, од друга страна. По документирање на случајот, против лицата се поднесени соодветни поднесоци.

 

На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Штип. Тој се сомничи дека во периодот од октомври 2024 до 20.06.2025 со закани и присилба оштетил 21 - годишник од Штип за сума од 275.000 денари. Според пријавеното, во наведениот период, тој се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 21.06.2025 во 10.40 часот во СВР Скопје, Р.Х.(52) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот пред објектот на Црвен крст, до контејнерот за донирање на облека, додека извршувал работни задачи, односно ја собирал донираната облека, едно машко лице му се заканило со остар предмет и се обидело да му ја одземе донираната облека. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.06.2025 во 03.00 часот во СВР Скопје, Н.И. (39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговиот дом. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.06.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје, К.М.(26) од Крива Паланка пријавил дека околу 15.30 часот, додека се движел со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, бил сопрен од три лица кои се претставиле како полициски служеници, при што едниот од нив физички го нападнал и му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (22.06.2025) во 05.00 часот во СВР Куманово, М.И.(30) од Куманово пријавил дека околу 02.45 часот, откако со такси возило превезол две лица од с.Никуљане, кумановско, до улица „Тоде Думба“ во Куманово, бил физички нападнат од лицата, кои воедно и не му платиле за услугата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.06.2025 во 21.45 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ѓ.(28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 28-годишна сопруга дека во семејниот дом во населба Драчево физички ја нападнал нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.06.2025 во 17.35 часот во СВР Скопје, С.М. (69) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот занаетчиски сервис на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од М.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.06.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, Д.Д.(44) од Скопје пријавил дека во периодот од 02.40 до 03.00 часот, пред ноќен клуб на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од три машки лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност