На 21.09.2025 околу 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Скопје- Куманово, кај место викано Ергелија, 33-годишниот В.Р. од с.Волково, скопско, управувајќи мопед „томос“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 21.09.2025 во 02:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишниот Б.П. од с.Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.К.(20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Б.П. се утврдени 1,05 промили, а кај Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од екипа на СВР Охрид.
На 20.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Св.Николе, во атар на с.Скачковце, кумановско, 29-годишниот Б.К. од с.Кучкарево, кумановско, управувајќи мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.К., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 20/21.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.С.(48), Д.А.(37), Л.Ж.(20), И.С.(32), А.Ј.(28) и Т.А.(22), сите од Скопје, Т.А.(33) од Кочани и Б.П.(44) од Велес, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, бела тврда материја, бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години" од КЗ. Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во селото Зајас, кичевско, е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Д.(64) врз Т.М.(59), двајцата од истото село. Во врска со тоа, а врз основа на судска наредба, од А.Д. одземени се еден пиштол „берета“ калибар 9 милиметри, една ловна пушка и еден ловен карабин „бенели“, како и една дозвола за оружје. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (21.09.2025) во 00:10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишија од слобода Р.Б.(35) од Република Албанија, затоа што при гранична контрола е констатирано дека патничкото возило „мерцедес“ со англиски национални ознаки кое го управувал, евидира во базата на Интерпол како украдено. Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 20.09.2025 во 07:10 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во периодот од 18:00 часот на 19.09.2025 до 07:10 часот на 20.09.2025 било насилно влезено во продавница за свеќи и икони на црква во Свети Николе, при што се одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.09.2025 околу 23:10 часот на Градскиот стадион во Штип, полициски службеници од СВР Велес го привеле В.С.(45) од Штип, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 20.09.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Г.С.(33) од Скопје пријавил дека околу 14:15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговата сопруга В.А.(23) и неговата едногодишна ќерка, биле физички нападнати од женско лице, кое употребило тврд предмет, а подоцна и со остар предмет упатила закани кон нив. Според пријавеното, потоа кога Г.С. се обидел да ги заштити, бил нападнат од машко лице кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.09.2025 во 10:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле В.С.(30), М.С.(56) и Р.С.(52), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија, при што се оглушиле на наредба и ги омаловажувале полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (21.09.2025) во 06:20 часот во СВР Скопје, Е.Р.(23) од Скопје пријави дека околу 02:35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, каде е вработена, едно лице и одзело пари и работна облека. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (21.09.2025) во 02:40 часот во СВР Скопје, В.Н.(47) од Скопје, пријави дека на 20.09.2025 околу 22:30 часот на игралиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.09.2025 во 23:30 часот во СВР Скопје, А.З.(18) пријави дека околу 19:50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, тој и неговата 15-годишна другарка биле физички нападнати од три лица, од кои едниот го познавал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 20.09.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го приведоа С.И.(21) од населба Средорек, кумановско, затоа што во централното градско подрачје во Куманово, по претходна расправија, го нарушил јавниот ред и мир, со физичка пресметка со Д.А.(48) од населба Ѓорче Петров, кумановско. Потоа во полициската станица во Куманово, С.И. (47), мајка на приведениот, физички го нападнала Д.А.. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 20.09.2025 околу 01:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.В.(41) од Русија, со место на живеење во Германија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00:45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, агресивно се однесувал, а исто така и омаловажувал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.