Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.07.2025

На 20.07.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојане“ во село Бојане, општина Сарај, патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(30) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата Џ.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Р.(25), К.К.(32), А.А.(36) и Е.Д.(19), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 20.07.2025 во 15.50 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ.(40) од Косово, затоа што при пасошка контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ - по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Мирковци за понатамошна постапка.

 

На 20.07.2025 во 22.27 часот на  Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.К.(32) од Р.Грција, затоа што при пасошка контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

На 20.07.2025 во 20.10 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат село Калиманци-Виница, 30-годишниот Г.П. од Виница, управувајќи мопед со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата Г.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Виница. Известен е јавен обвинител, а извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница.

 

На 20.07.2025. во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување. Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

На 20.07.2025 во 19.40 часот во село Орешани, скопско, полициски службеници го лишија од слобода Т.Х.(65) од село Бардовци, скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 33-годишен син дека истиот ден околу 12.00 часот во семејниот дом во скопско село, Т.Х. му се заканувал и се обидел со остар предмет да го нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.07.2025 во 15.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари извршен е службен разговор со А.Б.(46) и К.М.(26) од Скопје, по претходна пријава од 44-годишна поранешна сопруга на А.Б., која пријавила дека претходниот ден околу 19.00 часот во домот на А.Б. во Шуто Оризари, била физички нападната од него и од К.М., која што употребила и дрвен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.07.2025 во 18.30  часот во СВР Скопје е пријавено дека на плац на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, А.Ј.(35) и Д.Ј.(65) од Скопје, кои што извршувале градежни работи, биле физички нападнати од А.С.(46) и Н.М.(50), исто така од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.07.2025 во 14.54 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен А.П.(27) од Скопје. Според пријавеното, А.П. со повредите се здобил околу 01.00 часот во парк во населбата Пинтија, каде што тој и неговите другари С.С.(26), М.Б.(24) и С.Д. (28) биле физички нападнати од поголема група на лица, кои во нападот употребиле повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот. Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.07.2025 во 21.29 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Панајот Гиноски“ во Скопје бил опожарен објект, сопственост на С.М.(23) од село Горно Свиларе. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.07.2025 во 20.35 часот во Скопје, пред Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(58) од Скопје, затоа што омаловажувал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание. На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност