Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 20.07.2025

Денеска (20.07.) околу 02.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, В.С.(34) од с.Лопате, кумановско управувајќи моторцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Увид е извршен страна на увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 19/20.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ј.(26), М.С.(25), А.Б.(19), А.С.(22), М.Ѓ.(20) сите од Скопје, потоа Д.А.(29) од Кратово и М.К.(39), М.М.(39) двајцата од село Врановци, општина Врапчиште, гостиварско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја и еден нож. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Денеска (20.07.) во 00.20 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишија од слобода А.А.(23) од Виница, затоа што при преглед над него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (20.07.) во 03.15 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Н.И.(18) со привремен престој во Данска. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (20.07.) во 02.30 часот, на паркинг простор од ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е М.В.(23) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.07.2025 година  во 15,02 часот на ГП Табановце на влез во РСМ, при дополнителна контрола на патничко моторно возило марка „Опел Мерива“ со романски национални ознаки управувано од А.Р.Д. (32) од  Р.Романија и сопатник И.Л.П (40) исто така од Р. Романија, во личниот багаж на И.Л.П. била пронајдена е една најлонска паковка со НН прашкаста бела материја, една најлонска кеса со НН растителна материја, една зипер кеса со НН грутчеста материја, како и една рачно изработена цигара со НН растителна материја. Известен е надлежен ЈО и по негова насока лицето  И.Л.П. е лишено е од слобода по член 215 од КЗ на РСМ, а наведените предмети со Потврда за привремено одземени предмети се одземени од лицето, кое што потoа е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесет годишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А. За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот. Извршен е разговор со малолетничката од страна на вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.07.2025 година во 20,00 часот во СВР Велес А.М(22) пријавила дека од страна на нејзиниот татко И.М.(43) од Велес, кон неа и кон В.М со кого била во врска, телефонски им биле упатувани сериозни закани по животот, со што кај нив бил предизвикан страв и чуство на несигурност за нивната безбедност. И.М е приведен и задржан во полициска станица, а запознат е и Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 19.07.2025 година во  13,13 часот, во ОВР Струга е пријавен пожар на земјоделско земјиште засасдено со пченица, јачмен и други посеви, во површина од 20000 метри квадратни, лоцирано во атарот на струшкото село Ложани, сопственост на повеќе жители на селото. Интервенирала ТППЕ Струга при што, тројца пожарникари се здобиле со респираторни проблеми и биле пренесени и задржани во Општата болница во Струга, додека пак пожарот е изгаснат.

 

На 19.07.2025 година во 17.50 часот во ПО Камењане, Р.М. од село Боговиње пријавил дека пред неговиот објект, продавница, на локалниот пат  село Боговиње кон село Селце кеч, две малолетни деца од истото село запалиле картонски кутии при што настанал пожар кој бил изгаснат од страна на случајни минувачи. Од пожарот настанало оштетување на покривна церада, испукано било изложно стакло и оштетен е компресор од фрижидер. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 19.07.2025 година во 13.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Морани, скопско, настанал пожар во магацин сопственост на Ш.З.(58) од истото село. Од пожарот се зафатени патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Р.З. и патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки сопственост на  Е.З.(33) од село Морани а опожарени биле и разни други предмети. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а Ш.З. се здобил со повреди-изгореници по рацете. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 19.07.2025 година околу 14.45 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен И.С.(46) од Скопје. Според пријавеното со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба. Известен бил трудов инспектор. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 19.07.2025 година во 14.50 часот во СВР Тетово, Х.Х.(20) од Р.Косово со привремена адреса на живеење во Гостивар, пријавил  дека од 16.07.2025 година до денот на пријавување, на неговиот мобилен телефон му стигнувале пораки дека преку неговата банкарска картичка биле извршени трансакции при онлине паќања кои истиот не ги извршил и дека при злоупотреба на неговите трансакциски податоци бил оштетен со парични средства во износ од 750.52 долари. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

Денеска (20.07.) околу 00.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.07. околу 23.50 часот на подрачјето на Драчево по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.И.(59) од една страна и Б.Ф.(33), К.М.(59) и В.Т.(27) од друга страна, и сите од Скопје. За настанот е известен ЈО, и од страна на полициски службеници по основ на чл.11 од ЗППЈРМ приведени се лицата Б.Ф., К.М и В.Т. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.07.2025 во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје. На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале Е.З. како испукува во воздух од огнено оружје. Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм и гасни куршуми. Исто така пронајдени се и испукани чаури и подигнати за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.07.2025 година вo 16.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело. По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за К.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

 

На 19.07.2025 година во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.В.(39) од Скопје пријавила дека се вратила нејзината ќерка В.Р.(16) за којашто истиот ден беше пријавено дека се оддалечила од домот.

 

Денеска (20.07.) во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.А.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Денеска (20.07.) во 05.20 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(25) од с.Трубарево, скопско пријавил дека од домот се оддалечила неговата баба О.С.(88) која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Мени за пристапност