На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија - Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија. Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина. Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.01.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Г.И.К.(21) и С.М.А.(25), двајцата од Република Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 14.15 часот во Скопје, на кејот на реката Вардар, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(22) од Република Турција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 21.35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.М.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 17.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(22) од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (20.01.2025) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Л.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 17.45 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(30) од Битола, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.01.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во с.Криволак, неготинско, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Криволак, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од истото село, а со телесни повреди се здобил возачот , констатирани во Општа болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
На 19.01.2025 околу 10.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Ќафасан-с.Подмоље, патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(48) од с.Радолишта, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д.(18) од с.Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 19.01.2025 во 21.10 часот во Полициската станица Чаир, Е.С.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 19.01.2025 во 10.00 часот во СВР Битола, Р.Т.(52) од Битола пријавил дека во поранешната касарна во Битола, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 19.01.2025 во 19.30 часот во ОВР Прилеп, Д.П.(68) од Прилеп пријавил дека на ул.„Пере Тошев” во Прилеп бил каснат од куче скитник.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Б. - началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 и „затајување“, казниво по член 239 став 3 од Кривичниот законик. На 12.01.2025 во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13.01.2025, С.Б. противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Џ.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во Куманово, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(58) и К.П.(42), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.01.2025 во Прилеп, пријавените физички го нападнале В.П. - сопственик на продажен објект, а потоа и неговите малолетни деца, по што првопријавениот во два наврати пукал со пиштол.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(51) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот во Кичево, при што бил пронајден и одземен кокаин.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.К.(26) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи. Од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Р.С. Македонија од три, односно пет години.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 31.12.2024 во Кочани, пријавената - вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки M906“ калибар 7,65 мм со една рамка, 25 куршуми со калибар 7,65 мм, 69.500 денари, марихуана, кокаин, 62 таблети МДМА и канабис.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.О.(40) од с.Црнилиште, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ на дрва. На 30.10.2024 во с.Црнилиште, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дабови и букови дрва без соодветен жиг и соодветна документација и дозвола за сеча.
Денеска (20.01.2025) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Зелениково, скопско, настанал пожар во патничко возило „опел фронтера“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Г.Н.(23) од с.Зелениково. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 19.01.2025 во 14.20 часот во СВР Скопје, Ф.К.(44) од Скопје пријавил дека на 17.01.2025 околу 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.01.2025 во 18.40 часот во Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(27) и С.М.(27) – женско лице, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, И.А.(39) од Скопје пријавил дека во 21.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Р.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 околу 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници при СВР Скопје го привеле М.П.(37) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 околу 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници при СВР Скопје го привеле Љ.Ц.(65) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (20.01.2025) во 04.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Карпош, три машки лица со закана од вработената одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.01.2025) во 05.22 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Чифлик, делчевско, настанал пожар во куќа, сопственост на Д.Д.(36) – лице со здравствени проблеми. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а во куќата било пронајдено телото на сопственикот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.01.2025 во 08.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека во простории на судско одделение во јавна здравствена установа на подрачјето на Карпош, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.01.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Велес, A.М.(45) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.