Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.07.2025

На 18.07.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово. Во незгодата С.С. се здобил тешки телесни повреди се констатирани во Клиничка болница Тетово. Истиот е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите и починал. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, а за настанот е известен Јавен обвинител при ОЈО Тетово.

 

Ha 18.07.2025 година во 13.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на  влез во село Негорци, гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикал „Хамачи“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(35) од село Дорломбос, струмичко, товарно возило „Ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(60) од село Василево струмичко, и патничко возило „Туран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(46) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Е.С., кој управувал под дејство на алкохол, односно со 1.81 промили алкохол во крвта, а повредите му биле констатирани во Медицински центар Гевгелија. Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

 

На 18.07.2025 година околу 19.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.А.(36) од село Драчевица, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од Т.М.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 18.07.2025 година околу 17.40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со германски национални регистарски ознаки управувано од Е.Р.(22) од Куманово и мопед со кумановски регистарски ознаки управувано од В.Ј.(31) од Куманово. Во несреќата В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 18.07.2025 година во 09.05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди“ управувано од А.С.(28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А.(38) од Зајас. Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево.

 

На 18.07.2025 година околу 17.00 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, Б.Д.(65) од Велес управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

Денеска (19.07.) во 01.38 часот во Делчево на улицата „Кеј на ослободување“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Џ.(19) од село Разловци, делчевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Крајслер“ со странски регистарски ознаки, што го управувал А.Џ. и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан е во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“.

 

На 18/19.07.2025 година  во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.П.(38), Т.Д.(20), Ј.Р.(23) сите од Скопје, Т.А.(25) од Р.Турција и С.О.(32) од Битола затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.07.2025 година во 01.10 часот,  во село Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Р.Ш.(18) од Росоман,  поради сомнение за извршена кражба, во дом на Д.Ш.(27) од Росоман, при што биле одземени пари.  При преглед, кај Р.Ш. биле пронајдени  и одземени  дел од парите , бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја и една цигара со марихуана. Тој е задржан во полициска станица, известен е надлежен Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2025 година во 16.30 часот  во   Кавадарци, полициски службеници од  ОВР Кавадарци го лишија од слобода  У.С (25) од  Кавадарци.  При  извршен претрес  во неговиот дом во Кавадарци, а по претходно добиена Судска наредба, пронајдени  и одземени  се три пакувања  со марихуана ,една дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и една дробилка со состатоци од сува зелена тревкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2025 година во 15.20 часот  во  Градско, полициски службеници од  СВР Велес го лишија од слобода  Б.М (45) од  Градско.  При  извршен претрес  во неговиот дом во Градско, а по претходно добиена Судска наредба, пронајдени  и одземени се  две најлонски пакувања  со марихуана и три семки од растение канабис сатива. Б.М  е задржан во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (19.07.) во 00,50 часот, на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Струга, од слобода го лишија Б.Т.(30) од Струга, откако при извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2025 година во 17.10 часот, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода го лишија Ц.О.(22) од струшкото село Велешта. При претрес во неговиот дом, извршен по Судска наредба, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2025 година во 16,30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест државјани на Република Чешка на возраст од 30 до 40 години. Тие биле затекнати кај браната во општина Липково како неовластено снимаат со дрон.Сите биле приведени во полициска станица, известен е надлежен ЈО, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2025 година во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишија од слобода Е.Д.(44) и З.А.(27) двајцата од Штип, затоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2025 во 16.35 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип Ч.М.(23) од Куманово, а со престој во Штип бил физички нападнат од едно лице и му го одзело мобилен телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.07.2025 година во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, од слобода го лишија А.М.(36) од Дебар по претходна пријава дека со нож и упатил закани на една жителка на Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2025 година во 11.30 часот во СВР Скопје, Б.Л.(20) од Скопје пријави дека на 17.07.2025 на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Љ.Л.(22) кој што воедно и го одзел и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (19.07.) во 08.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, извршен е службен разговор со А.Т.(44) по претходна пријава од неговата 43-годишна сопруга дека на вчера (18.07.) во 23.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.07.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 32-маж од Скопје пријавил дека на 14.07.2025 во домот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од неговата сопруга С.Ѓ.(28) која според пријавата го турнала и нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Денеска (19.07.2025) во 02.00 часот во Полициската станица Гази Баба М.В.(39) од Скопје пријавила дека се оддалечила нејзината ќерка В.Р.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 18.07.2025 година во 08.23 часот во СВР Скопје С.Р. (34) од Скопје пријавил дека истиот ден  околу 08.20 часот на улицата „Балзакова“ каде што бил паркиран неговиот мотор, на моторот пронашол плико со заканувачки пораки по неговиот живот и по животот на неговиот син и пет куршуми внатре. Се работи на расчистување на случајот.  

 

Денеска (19.07.) во 01.15 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје при преземање на службени дејствија од страна на полициски службеници во рамки на сообраќајни контроли бил даден знак „Стоп“ за патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски таблички кое што веднаш не застанало, туку набргу е сопрено од страна на полициските службеници на улицата „Ордан Поп Јорданов“. Притоа констатирано е дека со возилото управувал Ф.Ј. (32) од село Петровец и во него имало уште три машки лица, а констатирани се и неколку прекршоци за кои што се издадени платни налози. Меѓутоа по завршувањето на службената дејност откако полициските службеници влегле во службеното возило едно од трите лица од возилото „Пежо“ со тврд предмет го удрил и искршил задното стакло од службеното полициско возило, и потоа се дало во бегство. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Денеска (19.07.) во 02.10 часот во Скопје, на Средно Водно, поточно на паркинг просторот, при преземање службени активност од страна на полициски службеници од ЕИП за легитимирање на машко лице, лицето почнало да упатува вербални навреди и пцовки а во еден момент замавнал и со двете раце удрил полициски службеник во пределот на градниот кош. По настанот, поради болка во градниот кош полицискиот службеник е однесен во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување за лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 18.07.2025 година во 16.30 часот по пријава  за пожар во стан во Скопје на булеварот „Кочо Рацин“ бр. 75, на вториот кат полициски службеници од ПСОН-Центар на лице место констатирале дека од засега непознати причини настанал пожар во станот на наведената адреса, при што шест лица и едно малолетно лице поради зашеметеност од чадот и болки во градите се пренесени на Клиника за токсикологија при КЦ „Мајка Тереза“. Од страна на БППЗ пожарот е изгаснат во 17.00 часот, а увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Мени за пристапност