Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.01.2025

Во врска со настанот –сообраќајна несреќа во Битола - од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17 годишен малолетник причинувајќи му тешки телесни повреди, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавило лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, кое што го управувало патничкото возило „Фолксваген голф“ со германски национални ознаки. Со него од страна на полициски службеници извршен е службен разговор. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.01.2025 година во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. (39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.01.2025 година во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.01.2025 година во 00.20 часот на улицата  „Железничка“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ч.(27) од Штип. При извршен преглед над патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (19.01.) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (19.01.) во 01.30 часот полициски службеници од СВР Битола на улицата „Кузман Јосифовски“ во Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја.По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (19.01.) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Битола на булеварот  „1-ви мај“ во Битола го лишиле од слобода А.М.(33) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.01.2025 година во 18.15 часот во Полициската станица Гази Баба, С.П.(56) од село Кучевиште, скопско, пријавил дека на ул.„516“ во населба Ќерамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 18.01.2025 година во 17.30 часот во Полициската станица Гази Баба, З.С.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„16-та Македонска Бригада“ во Скопје била нападната од куче скитник.

 

На 18.01.2025 година во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.Ј.Г.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Жан Жорес“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

Денеска (19.01.) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје,  лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата,  делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје. Исто така, биле зафатени две патнички возила -  „Шкода камик “, паркирано од  М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“ , сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
На 18.01.2025 година во 20.40 часот во СВР Скопје, Р.К. пријавил дека на подрачјето на Чаир, неговиот 14-годишен син со остар предмет бил физички нападнат од друг малолетник (15) од Скопје, кој му нанел повреда. Истиот ден,  во 23.30 часот во Полициската станица Чаир, во придружба на родител, малолетникот-напаѓач се самопријавил за стореното дело и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 18.01.2025 година во 03.40 часот во СВР Скопје, М.С.(19) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.С.(30) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 18.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
 
На 18.01.2025 година во 18.20 часот во СВР Скопје, В.Б.(33) од Скопје, во својство на управител, пријавил дека на 17/18.01.2025 година во временски период од 22.00 часот до 09.45 часот од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
На 18.01.2025 година во 14.00 часот, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од ПО Матејче го лишиле од слобода Ќ.М.(62) од кумановско село, поради тоа што истиот ден околу 10.00 часот упатувал закани по живот кон неговата 58-годишна сопруга, а притоа се обидел физички да ја нападне со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
 
На 18.01.2025 година во 15,15 часот во Тетово на улицата „Маршал Тито“, пред угостителски објект, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле  од слобода Ј.Х.(54) од село Лавце, а по претходна пријава во ПС Тетово од страна на неговата 42 годишната сопруга дека во нивниот семеен стан во Тетово, по вербална расправија физички ја нападнал. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
 
На 18.01.2025 година во 18,30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Џ.(48) од Гостивар, а по претходна пријава во ПС Гостивар од страна на од неговата 46- годишна партнерка со којашто претходно бил во врска и живееле заедно. Според пријавителката истиот, откако отишол во домот на нејзината мајка, по вербална расправија, физички ја нападнал неа и нејзината внука. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
 
 
На 18.01.2025 година во 18.45 часот во село Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане ја лишиле од слобода Д.А.(40) од с.Горно Палчиште, а по претходна пријава од страна на нејзината 70 годишна мајка. Според пријавата Д.А. во нивната семејна куќа во село Боговиње физички ја нападнала мајка си. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Мени за пристапност