СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 12.05.2025 во продажен објект во Скопје, пријавениот со закана со остар предмет од вработените одзел пари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Б.(44) и А.Р.(44), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.06.2025 во струшко село, пријавените физички го нападнале А.Ќ.(50) од с.Лабуништа, струшко.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.З.(32) и Х.С.(21), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.07.2025 во с Беловиште, општина Јегуновце, полициски службеници забележале патничко возило во кое биле пријавените, кои фрлиле кутија со кокаин, која била пронајдена и одземена.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Л.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. На 08.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми и марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(43) од село Јегуновце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На 03.07.2025, пријавениот заградил површина од 3.650 метри квадратни во државна сопственост без претходно добиена дозвола издадена од надлежен орган.
На 17/18.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(23), С.Т.(21) и З.А.(24), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.07.2025 во 16.20 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.А.(26) од Косово, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Денеска (18.07.2025) во 03.35 часот на регионалниот пат Тетово-Желино, кај „Требошки надпатник“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(23) од с.Доброште и Д.М.(25) од Норвешка. При преглед во патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, биле пронајдени девет паковки со марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
На 17.07.2025 во 23.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ со ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Х.(71) од Скопје и мотоцикл управуван од О.Б.(25) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 17.07.2025 околу 19.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Перо Шварц“ и ул.„Миле Кипра“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.М. од с.Облавце, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 17.07.2025 во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Бузалково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Денеска (18.07.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје, Х.Е.(45) од Скопје пријавил дека на 17.07.2025 околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од неколку машки лица, при што еден од нив употребил остар предмет и му нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2025 околу 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Средно Коњари, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на М.М.(60). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Денеска (18.07.2025) околу 00.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во парк на подрачјето на општина Сарај, настанала физичка пресметка помеѓу М.И.(22), вработен како обезбедување во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и 16-годишник од с.Крушопек, скопско, при што М.И. употребил остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска (18.07.2025) во 02.45 часот во СВР Скопје, З.И.(41) од Скопје пријави дека на 17.07.2025 околу 18.00 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од М.У.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (18.07.2025) во 00.05 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека нивниот штитеник А.Х.(13) се оддалечил од установата, од која ѝ претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 17.07.2025 во 23.30 во СВР Скопје, У.С.(21) од Скопје пријави дека околу 21.33 часот на работното место во фитнес клуб на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од А.К.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, Ф.И.(37) од Скопје пријави дека околу 21.00 часот на подрачјето на Центар неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Н.(75) и 75-годишната З.Н., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријави дека на 16.07.2025 била измамена од едно машко лице за сума од околу 900 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила преку тераса, како што претходно и кажало лицето, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2025 во 17.45 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15.30 часот била измамена од едно машко лице за сума од околу 1.300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар, вработен во Градска болница и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и требало да прави операција, а за тоа требало да се плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.