Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.01.2025

На 17.01.2025 година во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје, управуван од Б.Б.(53) од Скопје удрил во пешакот Љ.Џ. (85) од село Студеничани, скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, и истиот се наоѓа во животно загрозувачка состојба. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 16.01.2025 година во 15.00 часот на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско. Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле - другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Денеска (18.01.) во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило управувано од непознат возач удрило во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштило местото на настанот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 17.01.2025 година во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.М.(26) и М.М.(23) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.01.2025 година во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Е.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.01.2025 година во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Е.Р.(19) од село Јеловјане, општина Боговиње, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.01.2025 година во 13.10 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишиле од слобода З.Ш.(46) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен Суд Велес, биле пронајдени и одземени НН зелена растителна материја и дигитална вага. З.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.01.2025 година во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од НККР Свети Николе го лишиле од слобода Д.М.(39) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.01.2025 година во 19.10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола на улица „Илинденска“ во Битола го лишиле од слобода В.К. (36) бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена и одземена грутчеста материја. Истиот е приведен во полициска станица Битола при што ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.01.2025 година во 11.40 часот во Полициската станица Центар, Ф.Џ.(63) од село Боговиње, тетовско, пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 17.01.2025 година во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Н.(70) од Скопје пријавил дека на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 17.01.2025 во 15.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Р.(33) од Скопје пријавил дека на улицата „Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 17.01.2025 година во 16.20 часот во Полициска станица Велес Л.М.(51) од Велес, пријавила дека на улицата „Јане Сандански“ во Велес, била касната од куче скитник.

 

На 17.01.2025 полициски службеници од СВР Битола по преземени мерки и врз основа на Наредба од Основен суд Битола извршиле претрес во домот и помошните простории на лицето Н.Т.(72)од Струга, со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - „разбојништво“ по член 237 од КЗ на РСМ. Лицето Н.Т. на 15.01.2025 година извршил разбојништво во канцеларија за кредитирање лоцирана на улицата „Прилепска “ во Битола, кадешто истиот со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, притоа и физички напаѓајќи ја со метален предмет. Од страна на полициските службеници Н.Т.е приведен во полициска станица Битола, при што по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

 

На 17.01.2025 година во 21.00 часот во Полициската станица Кочани, 30-годишна жена од Кочани пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот во семејниот дом била физички нападната од лицата С.С. и Л.С. при што и биле нанесени телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.01.2025 година во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 50 годишен жител на струмичко село кој околу 16.00 часот во неговиотт семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.01.2025 година во 11.30 часот во село Камењане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на претходна Судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории кај лицата С.С.(58) и Ш.С. (23) од село Камењане а во врска со сторено кривично дело – „повреда на авторско право и сродни права“ казниво по член 157 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од КЗ на РСМ. При претресот били пронајдени и одземени, еден компјутер и еден гасен пиштол. С.С. и Ш.С. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 17.01.2025 година во 14.50 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода С.Г.(35) и и Ј.Т.(36), двајцата од охридското село Велгошти. При преглед во патничко моторно возило „Ауди“ со кое се превезувале лицата, полициските службеници кај С.Г. пронашле и одзеле четири најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (18.01.) во 02.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Иван Козаров“ во Скопје од страна на непознати лица со тврд предмет било оштетено изложно стакло и влезна врата на партиски штаб на политичка партија. Извршен бил увид од увидна екипа. Се преземеаат мерки за расчистување на слуачјот.

 

На 17.01.2025 година во 16.45 часот во СВР Скопје, Р.Х.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот на објект во изградба, на подрачјето на Карпош, додека бил на своето работно место, откако претходно добил вербални телефонски закани, бил физички нападнат од лицата Н.Р и Е.Р, пришто едно од нив употребило и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа - прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите. Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.01.2025 година во 13.07 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека нивниот штитеник Х.С. (15) од Куманово за кого на 15.01.2025 година беше пријавено дека се оддалечил, се вратил во установата.

 

На 17.01.2025 година во 09.05 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен Ѓ.М., кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во кругот на правен субјект на подрачјето на Драчево. За настанот бил известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 17.01.2025 година во 11.45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив била донесена С.К.(62) од Скопје која истиот ден околу 07.45 часот се здобила со тешки телесни повреди пред влезот на своето работно место на подрачјето на Центра. За настанот бил известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Мени за пристапност