Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.08.2025

 

На 15/16.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(36), К.М.(25) и Б.П.(36), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе бидат подесени соодветни поднесоци.

 

На 15.08.2025 околу 16:10 часот во Полициската станица Крива Паланка e пријавено дека на магистрален пат кај с.Узем, кривопаланечко, на место викано „Мал мост“, мотоцикл „бмв“ со албански национални ознаки, управуван од Ф.Л.Т.(58) од Уругвај излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка А.М.Б.А.(58) од Уругвај, констатирани во ЈЗУ „Здравствен дом“- Крива Паланка. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

 

На 15.08.2025 во 19:19 часот во СВР Битола e пријавенo дека на ул.„Тодор Паница“ во Битола патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(50) од Битола, удрило во 10-годишен пешак од Австралија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 15.08.2025 околу 13.50 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(24) од Прилеп, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека  околу 15:48 часот на регионалниот пат  Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби,  мотоцикл со велешки регистарски ознаки,  управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител, во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

 

На 15.08.2025 во ОВР Неготино е пријавено дека во 07:10 часот, на улица „Фемо Кулаков“ во Неготино, Д.Т.(51) од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(36) од Кавадарци, кое се движело по улицата. Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.  Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 15.08.2025 во 19:47 часот во ПС Штип Д.Е.(49) од Штип пријави дека на ул. „Пиринска“ во Штип, тој и неговите синови Т.Е. (20) и Ф.Е.(25) биле физички нападнати од М.Т. и А.Н. (43) од Штип, кои употребиле и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 15.08.2025 во 13:15 часот во СВР Штип Б.М.(46) од с.Саса, Македонска Каменица пријави дека бил физички нападнат од неговиот брат Ј.М.(49) од с.Саса, Македонска Каменица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (16.08.2025) во 02:30 часот во СВР Скопје 36-годишна жена од скопско пријави дека на 15.08.2025 околу 16:00 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг П.А.(42), кој употребил и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.08.2025 во 17:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(79) од Скопје, по претходна пријава дека со остар предмет му се заканувал на неговиот сосед Б.Н.(70) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

               

На 15.08.2025 во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници ја лишија од слобода Е.В.(28) од Скопје по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала 87-годишната баба на нејзиниот сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.08.2025 околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Чаир, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(26) од с.Арачиново, скопско и Ф.Б.(38) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.08.2025 во 16.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во експозитура на финансиско друштво во трговски центар во Скопје, на подрачјето на Центар, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.08.2025 во 07:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.З.(44) од Р.Турција. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

На 15.08.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 13.08.2025 до 15.08.2025 во канцеларии што ги користи Христијанската адвентистичка црква, на подрачјето на Бит Пазар, непознато лице насилно влегло и предизвикало пожар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.08.2025 во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар. По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.

 

На 16.08.2025 во 05:25 часот во ПС Битола, С.С.(45) од Битола пријави дека околу 01:45 часот на ул. „Широк сокак“ во Битола бил физички нападнат од Д.Е.(19) и уште две лица. По расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.08.2025 во 22:00 часот во ПС Битола 28-годишна жена од Битола пријави дека на 14.08.2025 околу 21:15 часот, пред зградата каде живее, била физички нападната од свекорот С.Ц. (54). По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.08.2025 во ПС Ресен е пријавено дека околу 11:40 часот во с.Долна Бела Црква, ресенско, во дворот од семејната куќа Б.Т. бил физички нападнат од А.Т. од с.Долно Дупени,ресенско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

        

На 15.08.2025 во 15:40 во ПС Прилеп 31-годишна жена од Прилеп пријави дека околу 10:30 часот во близина на куќата каде престојува, била нападната од нејзиниот сопруг И.И., со кого се во бракоразводна постапка. Според пријавеното, тој прво со своето возило „голф“ ја удрил пријавителката, а потоа и физички ја нападнал, а и го оштетил и возилото. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 15.08.2025 во 22:10 часот во СВР Куманово И.И.(41) од Куманово пријави дека околу 19:00 часот во Куманово неговите две малолетни деца биле физички нападнати од неговата сосетка Б.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.08.2025 во 09:20 часот во СВР Куманово Ф.Х.(54) од с.Сопот,кумановско пријави дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.Х.(19). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 15.08.2025 во 14.32 часот во Полициската станица Крива Паланка А.Р.(22) пријави дека во Крива Паланка бил физички нападнат од М.М.(49), двајцата од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.08.2025 во 22.25 часот во Полициската станица Гевгелија Ф.М.(51) од Скопје пријави дека во казино во Гевгелија била физички нападната од вработен во обезбедување на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност