Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.07.2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против С.Љ.(61) од с.Истибања, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Пријавениот со тврд предмет ја нападнал сосетката М.Д.. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Ч.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечки карабин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.Д.(77) од с.Спас, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2024 година, пријавениот узурпирал земјиште со вкупна површина од 3995 м2 во државна сопственост на тој начин што поставил времен објект без одобрение за поставување на времен објект, со што противправно се стекнал со имотна корист и го оштетил буџетот на РСМ.

 

На 15/16.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Г.(24), Г.С.(42) , Д.Б.(19) , И.Т.(36), З.Т.(23), сите од Скопје и М.М.(26) од Берово затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста, бела грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 15.07.2025 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.  Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. 

 

На 15.07.2025 околу 05.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Волтерова“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Д.(42) од Скопје удрил во паркирани патнички возила „форд“, сопственост на В.К.(46) и „опел“, сопственост на 51-годишната А.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 15.07.2025 во периодот од 13.15 до 17.10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во с.Тополчани, прилепско, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(67) од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп. 

 

На 15.07.2025  во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(70) од с.Волково, скопско, удрило во паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од И.А.(50) од с.Злетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.   

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Л.(30) од селото Броштица, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.  На 09.07.2025 во атарот на селото, тој физички нападнал малолетник и му нанел повреди.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Н.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување огнено оружје“. При претрес во домот и помошни простории, кои ги користел, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа еден пиштол, една пушка, две ловечки пушки, една пушка со дрвен кундак, цевка од пушка и 198 куршуми, кои нелегално ги поседувал.

 

На 15.07.2025 околу 19.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека нивниот сосед Џ.С. ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка. За настанот е известен  јавен обвинител и се  работи на негово расчистување, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 15.07.2025 во 16.48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во објект на приватна фирма, при што била зафатена фасадата на објектот и градежен материјал. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

 

На 16.07.2025 во 02.50 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници го лишија од слобода Г.Ѓ.(32) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.07.2025 во близина на Центар за згрижување на бездомни лица „Чичино село“, полициски службеници го пронашле А.О.(13), за кој од Јавната установа за згрижување на деца беше пријавено дека се оддалечил од установата. Лицето било предадено на стручно лице од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи. 

На 15.07.2025 во 15.10 часот на бензинска пумпа на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го пронашле Х.А.(13), за кој од Јавната установа за згрижување на деца беше пријавено дека се оддалечил од установата. Малолетникот е предаден во установата.  

 

На 15.07.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое му го искршило ретровизорот од неговото патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 15.07.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот на игралиште во населбата Трнодол, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.07.2025 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Т.(62) од Скопје и Х.И.(35) од с.Порој, тетовско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

  

На 15.07.2025 во 16.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле З.Т.(67) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 14.07.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје, Ж.Ј.(43) од Скопје пријавил дека во населбата Пинтија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од нивниот сосед Б.Т., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност