На 15.03.2025 во 09.30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на март 2025 година извршил три кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Радовиш. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службен разговор ги признал делата. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.03.2025 во 01.20 часот во с.Топлица, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги привеле З.И.(28) и Ш.С.(42), двајцата од Гостивар. При контрола на патничко возило „пежо" со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2025) во 03.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(29) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2025) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.М.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2025 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.
Денеска (16.03.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(30) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.03.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Чаир, Љ.Ј.(71) од Скопје пријавил дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.03.2025 во 11.55 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.Ј. (29) од Битола, поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.02.2025 во Битола, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен метамфетамин.
На 15.03.2025 во 22.00 часот на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници го привеле Ѓ.И.(32) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Г.(28) од Скопје кој пријавил дека на ул.„Есенинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.03.2025 во 21.15 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Б.М.(20) од Свети Николе и М.Ј.(32) од с.Калуѓерица, радовишко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 10.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Б.(33) од Скопје. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 15.03.2025 во 13.50 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат на влез во село Кованец, гевгелиско, Ц.С.(61) од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 15.03.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, при качување во автобус на ЈСП Скопје, управуван од Т.А.(59) од Скопје, вратата се затворила, при што патничката О.А.(75) од Скопје паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 15.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, В.Б.(83) од Скопје пријавила дека на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 15.03.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(37) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.А.(34) од Скопје и М.Ж.(70) од Гевгелија поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 02.03.2025 на наплатна станица Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое биле пријавените, при што биле пронајдени и одземени 40 пакувања со марихуана.
На 15.03.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле А.М.(45), помошен тренер на ФК Гостивар и Ш.Т.(24), фотограф на ФК Гостивар, двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата. По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите ФК „Тиквеш“ од Кавадарци и ФК „Гостивар“, одигран на фудбалскиот стадион во Кавадарци, тие на излез од теренот се обиделе физички да ги нападнат судиите. Подоцна, околу 18.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци биле приведени и Б.Б.(23) и К.Ш.(30), двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата, вработени во управата на ФК Гостивар, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 15.03.2025 во 08.45 часот во СВР Скопје, Д.А.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.03.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода И.Т.С.(28) од Република Бугарија затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол - Република Бугарија. На лицето му е определена мерка триесетдневен екстрадиционен притвор и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово.
На 15.03.2025 во 15.18 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.Н.(48) од Штип. Од пожарот било зафатено и друго патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Н.(45) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, повредени лица нема и за настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 15.03.2025 во 13.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, К.К.(54) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.И.(24) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. 13.11.2024 полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин, кои ги набавил од пријавениот.
На 15.03.2025 во 08.20 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на Езеро Младост во Велес со тешки телесни повреди бил пронајден В.Г.(85) од Велес, кој бил пренесен во Општа болница Велес, каде што по кратко време починал. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. Во врска со настанот, а по насока од јавен обвинител, од слобода била лишена 53-годишната С.Г.. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 15.03.2025 во 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.С. од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 15.03.2025 во 19.25 часот во СВР Скопје, Р.Р.(47) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека вршел работни задачи како такси возач, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Чаир, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 02.03.2025 до 15.03.2025 на гробиштата во Бутел, со употреба на сила и погоден алат, од семејниот надгробен споменик им била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ѓ.И.(84) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во периодот од 13.00 часот на 14.03.2025 до 11.30 часот на 15.03.2025 било пријавено дека настанал пожар во објект на правно лице од Свети Николе. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 15.03.2025 во 20.22 часот во Полициската станица Чаир, И.Б.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.