Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Н.(48) од с.Отља, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.06.2025 во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27.05.2025 на Градскиот пазар во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет се заканил на едно лице од Гостивар.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.Т.(31) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 08.07.2025 во угостителски објект во Делчево, по претходна расправија, пријавениот упатил закани на неговиот чичко.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Б.(40) и М.Б.(43) од с.Горно Јаболчиште, општина Чашка и против Џ.К.(50) од с.Мелница, општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Во јануари и мај 2025 година, полициски службеници извршиле претреси во домовите на пријавените, при што кај Н.Б. и Џ.К. биле пронајдени и одземени ловечка пушка и патрони, додека кај М.Б. била пронајдена ловечка пушка.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.М.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 10.04.2025 преку социјалната мрежа, пријавениот споделил видео запис со кој поттикнувал омраза и нетрпеливост.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице - друштво за трговија, обложување и приредување на игри на среќа од Тетово и против Д.С.(25), вработена како касиер во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење. На 23/24.04.2025 извршена е акциска контрола во пријавеното правно лице, каде била затекната пријавената Д.С., при што во касата биле пронајдени и одземени девизни парични средства, при што пријавените постапиле спротивно на Законот за девизно работење со недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари.
На 14.07.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.07.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ф.(32) од с.Мала Речица, тетовско и велосипед управуван од А.М.Т.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.Т., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.07.2025 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на локален пат за с.Зубовце, гостиварско, мотоцикл управуван од Ќ.М.(66) од с.Дебреше, гостиварско, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 14.07.2025 околу 12.45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Липково, на влез од паркинг простор на приватна фабрика, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(18) од с.Липково, општина Липково и мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.А.(36) од с.Черкези, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој постапил спротивно на член 144-а од Законот за здравствена заштита на тој начин што од 01.07.2019 па до добивање на отказното решение на 29.11.2024 и за прекинот на специјалистичкиот стаж не ги известил надлежните, ниту се јавувал на своето работно место. Додека, во периодот од 15.07.2020, од кога му истекла важноста на лиценцата, па до добивање на отказното решение, не поседувал ниту лиценца за работа како доктор по медицина, издадена од Лекарската комора. За целиот период, пријавениот примал плата и други додатоци, со што го оштетил буџетот на установата и се стекнал со противправна имотна корист од 1.956.569 денари.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Т.(39) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“ . При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Дебар пронајдоа и одзедоа пиштол „Пиетро Берета“ со калибар 7,65 милиметри и 66 куршуми, кои нелегално ги поседувал.
Денеска (15.07.2025) во 04.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(43) од Скопје. Возилото е целосно изгорено, а зафатени биле и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ѓ.(51) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Т.(55) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 14.07.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13.30 часот при извршување градежни работи во oсновно училиште на подрачјето на Гази Баба во Скопје со повреди се здобил И.И.(35) од с.Ореше, тетовско. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид и известен е трудов инспеткор.
Денеска (15.07.2025) во 00.10 и во 01.40 часот и на 14.07.2025 во 11.20 часот во Скопје, на подрачјата на Гази Баба, Драчево и Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Д.К.(35) од Скопје, Н.М.(32) од с.Батинци, скопско и А.Р.(28) од Скопје затоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 14.07.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје, Т.А.С.(30) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.