Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 13.07.2025

На 12.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.А.(40), Т.А.(33), С.О.(32), Е.Х.(23), Е.Ф.(29) и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 12.07.2025 околу 18.55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.С.(20) од с.Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 12.07.2025 во 06.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на кружниот тек од ул.„15-ти Корпус“, ул.„Железничка“, ул.„7-ми Ноември“ и ул.„Ристо Чадо“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.Ф.(53) од с.Лескоец, охридско и велосипед управуван од В.Л.(56) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Л., констатирани во Општата болница во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 12.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од бул.„Партизански одреди“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(29) од Скопје и патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И.(35) од с.Бањане, скопско. Во несреќата со телесни повреди се здобил В.И. и неговите сопатници А.С.(28) и 26-годишната И.Б., двајцата од Скопје (сите полициски службеници), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.07.2025 во 05.20 часот, во СВР Битола било пријавено дека во притворското одделение на Казнено поправната установа Затвор Битола настанала физичка пресметка во која притвореникот Т.Н.(73) од Струга физички ги нападнал Б.С.(65) од Македонски Брод, А.А.(72) од Кичево, В.Т.(30) од Прилеп и Е.А.(48) од Кичево. Повредените биле однесени во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 12.07.2025 во 22.20 часот во Полициската станица Крива Паланка 62-годишна жена од кривопаланечко село пријавила дека околу 21.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син З.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 12.07.2025 во 23.20 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.А.(18) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 23.00 часот заедно со уште едно лице, физички нападнале 17-годишен малолетник и неговиот другар М.Б.(18). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (13.07.2025) во 04.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Х.(59) од една страна и Н.М.(19) и Н.А.(20) од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2025 во 20.50 часот кај наплатна станица Миладиновци, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(44) од Скопје, по претходна пријава од Н.А.(52) од Скопје, дека околу 19.30 часот на патарина, бил физички нападнат од Д.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.07.2025 во 21.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ф.(27) и Г.К.(52), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.07.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, А.Б.(48) од Скопје пријави дека на 11.07.2025 околу 23.25 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2025 во 08.36 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од Крива Паланка пријави дека на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од М.Ј. од с.Ржаничино, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2025 во 02.00 часот во СВР Скопје, Д.Т.(33) од Скопје пријави дека на 11.07.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нападнат од Д.Д., кој со остар предмет му упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2025 во 01.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од Скопје пријави дека на 11.07.2025 околу 21.00 часот во дворот од неговата куќа на подрачјето на Радишани, бил физички нападнат од три лица кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2025 во 21.05 часот во СВР Скопје, С.К.(71) од Скопје пријави дека во неговиот дом на подрачјето на Драчево, паднало зрно од огнено оружје, при што му го оштетило кровот на куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.07.2025 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.Ш.(41) од с.Трубарево, скопско пријави дека од домот се оддалечил Н.С.(13), кој и е доделен на згрижување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 12.07.2025 во 22.00 часот во Полициското одделение Сарај, М.З.(54) од Скопје пријави дека од домот во с.Чајлане,скопско, се оддалечила неговата внука С.З.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Мени за пристапност