Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 13.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 07.02.2025 на стариот пат од Прилеп кон Битола, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ во кое се превезувале три лица, при што била пронајдена и одземена марихуана која ја набавиле од пријавениот.

 

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Р.П.(51) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“. На 29.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 819 парчиња разни видови пиротехнички средства.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот противправно присвоил платежната картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари.  

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се сретнала со женско лице -  вработено во МВР со договор за вработување како полицаец – приправник во Одделение за полиција при СВР Штип, насилно ја внела во возило „бмв“ со кое пријавената Ј.Н. дошла на наведената локација, по што почнала да ја удира по телото, притоа не дозволувајќи и да излезе од возилото и да си замине, со што и ја одзела и ограничила слободата на движење. Со сторување на наведените дејствија постои основано сомнение дека пријавената Ј.Н. сторила кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ј.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Џ.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 25.12.2025 во двор од основно училиште во гостиварско, по претходно нарушување на јавниот ред и мир помеѓу малолетници, во кое учествувал неговиот син, пријавениот физички нападнал малолетник.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.

 

На 12.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(23), Д.Р.(27), М.С.(32) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 12.02.2026 околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.С.С.(54) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола на возило кампер „бенимар” со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени  марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дробилка и други предмети. Запознаен е јавен обвинител и лицето е задржано во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.02.2026 во 14:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К.(50) од Република Грција. При гранични проверки и контрола на патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена  марихуана. Известен е јавен обвинител и лицето е задржано во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 12.02.2026 во 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат, на крстосница од с.Извор кон с.Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.У.(65) од с.Горно Јаболчиште, велешко, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.У.(66) од с.Горно Јаболчиште, а со телесни повреди се здобил возачот М.У., констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

 

На 12.02.2026 во 16:49 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во с.Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.И.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство’’ и „лажно пријавување на кривично дело’’. На 09.01.2026, пријавениот лажно пријавил дека на паркинг простор пред зграда во Тетово бил физички нападнат од едно машко лице, а од женско лице бил удрен со тврд предмет. По прeземени мерки било утврдено дека пријавениот започнал расправија со друго лице и физички го нападнал. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Зрновци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.03.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 12.02.2026 во 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Б.О.(41) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од  гаража сопственост на Б.П.(45) од Кавадарци одзел мотоцикл. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.02.2026 во 17:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со П.Л.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

 

На 12.02.2026 во 14:30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Е.Р.(21) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 12.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Ј.(52) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

 

На 13.02.2026 во 04:40 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријави дека околу 01:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С.(24) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 12.02.2026 во 18:35 часот во СВР Скопје, Е.Б.(30) од Скопје пријави дека во трговски центар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.02.2026 во 18:00  часот во СВР Скопје, Д.Ч.(59) од Скопје пријави дека околу 13:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, затекнал едно лице кое излегло од неговиот дом, а каде што претходно одзело предмети. Според пријавеното, лицето се обидело да му го одземе и мобилниот телефон, но не успеало, по што тој си го вратил одземеното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.02.2026 во 15:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско. Тој се сомничи дека на 10.02.2026 на подрачјето на Бит Пазар се заканувал на медицински персонал од Итна медицинска помош. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

 

На 12.02.2026 во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 07:10 часот во аптека на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработената одзел мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Мени за пристапност