Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 12.07.2025

На 11/12.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.А.(30), Б.К.(26), Ф.Р.(20) сите од Скопје и еден 16-годишник од Крива Паланка, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 10.07.2025 околу 12.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ч.(53) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од с.Стајковци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „пежо“ В.В.(53) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле М.Н. и М.Ч., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 11.07.2025 во 05.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„8-ми Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.Ј.(59) од Скопје и автобус „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Б.(66) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д.Ј, а со телесни повреди се здобил возачот на автобусот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 11.07.2025 во 17.30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на раскрсницата од ул.„Кеј 1-ви Мај“ со ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(57) од Прилеп и мопед управуван од М.Н.(32) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.


На 11.07.2025 во 15.07 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на улицата „Кеј на Револуција“ во Кочани, патничко возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки, управувано од В.А.(61) од Кочани удрило во пешакот У.С.(48) од нас.Оризари, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.С., констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

 

На 11.07.2025 околу 13.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Сопот-каменолом Сопот, трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(56) од с.Горно Којнаре, кумановско, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска" во Битола, при што биле оштетени паркирани патнички возила „фолксваген", „бмв", „тојота", „киа", „рено", „матиз" и „тико", сите со битолски регистарски ознаки, а биле оштетени и прозорци и врати од околните куќи. Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Битола и екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2025 во 15.30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Валандово, на делницата од „Раборска крстосница“ до „Куклишка крстосница“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.П.(56) од Струмица и патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(42) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило М.Ц., сопатникот во патничкото возило „опел зафира“ Д.Ц.(50) од Струмица и сопатникот во товарното возило „фиат дукато“ М.А.(56) од село Јаргулица, радовишко, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во товарното возило И.Ј.(35) од Струмица и М.Д.(28) од село Покрајчево, радовишко, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 

На 11.07.2025 во 20 часот, во СВР Битола било пријавено дека од страна на затворски полицаец во приемно затворено одделение во Казнено поправната установа Затвор Битола, во ќеса за храна била пронајдена марихуана. Потоа, при извршен претрес во ќелија во Казнено поправната установа Затвор Битола биле пронајдени паковки со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2025 околу 12.40 часот при вршење на мотопатролна дејност, во с.Липково, Општина Липково, од полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции било забележано товарно возило „ивеко“, натоварено со нежигосано огревно дрво. При даден знак за запирање, возачот не постапил по наредбите и се дал во бегство, а подоцна, тој и совозачот скокнале од возилото и го оставиле да се движи без контрола, кон полициските службеници. При тоа, возилото излетало од патот, а лицата се дале во бегство. Дрвата и возилото се запленети, а се преземаат мерки за пронаожање на лицата и расчистување на случајот.

 

На 11.07.2024 околу 18.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(48) од Куманово, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од А.Т.(38) од Р.Србија и мотоцикл „харли дејвидсон“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(60) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 11.07.2025 околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на с.Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од с.Батинци. А.М. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите. Според пријавеното од страна на Е.М. (20), ќерка на А.М., тие околу 08.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. и се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Потоа, А.М. и Џ.М. со возило се упатиле кон домот во с. Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2025 во 22.50 часот во СВР Скопје В.Ф.Н.(37) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 11.07.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје А.А.(48) од Скопје пријавила дека околу 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно машко и едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 11.07.2025 во 23.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.О.(26) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 11.07.2025 во 13.22 часот на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.П.(35), затоа што при гранична контрола е констатирано дека за патничкото возило „волво“ со британски национални ознаки, кое го управувал, не поседува соодветна документација и регистарски таблици. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

Денеска (12.07.2025) во 02.40 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.М. (46) од Скопје, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидирал со мерка „апси“, по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 11.07.2025 во 08.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ф.Е.(27) од Р.Германија, поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок од законот за оружје. При гранична контрола е констатирано дека во патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки кое го управувал, се пронајдени и одземени три куршуми и палка. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 11.07.2025 во 22.00 часот во Кочани, полициски службеници го лишија од слобода Ш.И.(29) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна сопруга дека околу 12.00 часот во домот на нејзините роднини физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.07.2025 во 11.00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред маркет во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.К.(50) од Кочани и М.С.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.07.2025 во 13.50 часот во Штип, полициски службеници го лишија од слобода М.С.(56) од општина Лозово, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Штип дека околу 12.30 часот на плоштадот во Штип, полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Мени за пристапност