Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.О.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.04.2025 во Струга, полициски службеници извршиле контрола во возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.П.(38), Н.Н.(29), П.Т.(41) и К.Г.(20), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“. Во јануари 2026 година, на влез од с.Владевци, второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“, додека на 21.02.2026, пријавените опожариле патничко возило „ланд ровер“, при што пожарот се проширил на патничко возило „форд куга“ и кров од куќа.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(41) и Д.А.(37), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем во обид“. Во службена просторија во Општа болница Велес, пријавените одзеле паричници со пари и лични документи на две лица, по што од банкарски картички на двете лица на 01.10.2025 подигнале 23.000 денари.
На 11/12.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.П.(38), Е.С.(19) и О.В.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.03.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија,скопско, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(21) од с.Буковиќ излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Х.З.(24) од с.Форино, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.03.2026 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Трајко Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 11.03.2026 во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ. и Љ.Џ. од с.Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 11.03.2026 во 12:39 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(18) од с.Добромири, општина Новаци и патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(57) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд“, В.Д.(53) од Дебар, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 12.03.2026 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, повредени лица нема. Извршен е увид.
На 11.03.2026 околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција. Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила. Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 11.03.2026, со судска наредба, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија претрес во домот на Ѓ.П.(46) од охридското село Пештани. При претресот се пронајдени семки од канабис сатива. Тие се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2026 околу 21:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, а управувано од И.М.(34) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, по што кај возачот А.Н. се измерени О,91 промили алкохол во крвта и по насока од јавен обвинител тој е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 11.03.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, В.С.(56) од Скопје пријави дека на 06.03.2026 околу 16:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, А.Б. му упатил закани, а кој и претходно му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, М.Д.(44), Б.И.(43) и М.Ч.(50), сите од Скопје пријавија дека на 08.03.2026 околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2026 во 13:41 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул.„Херцеговачка“ во Битола, при извршување градежни работи била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал направата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната 122мм, која потекнува од Првата светска војна.
На 11.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Б.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во нејзиниот дом физички ја нападнала 13-годишната ќерка на Ѓ.Ш.(45) од Скопје, која е соученичка на нејзината ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.03.2026 во 20:15 часoт во СВР Скопје, Б.Р.(41) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 13:30 часот во берберница во с.Арачиново, по претходна расправија, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 15-годишник, кој употребил и остар предмет, а со кого заедно работеле како чираци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2026 во 22:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:30 часот на подрачјето на Карпош, Е.Р.(29) од Скопје, додека го управувал неговото патничко возило, бил удрен од друго патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното, Е.Р. претходно излегол од угостителски објект да се сретне со Д.„Н“, кој претходно телефонски упатувал закани на девојка, која била во угостителскиот објект со Е.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, С.К.(45) од с.Морани, скопско, пријави дека околу 16:00 часот во с.Морани, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од Ш.И.(53) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.