СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(18) од с.Требош, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2025, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.О.(28) од Маврово и Ростуше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 12.02.2026 на место викано „Солиште“, атар на с.Трооло, пробиштипско, по претходна расправија, пријавениот со тврд предмет го нападнал Ј.Д. од Пробиштип и му нанел тешка телесна повреда.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 15-годишна малолетничка од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.09.2025, малолетничката физички нападнала жена од истото село, по што се обидела со остар предмет да ја нападне жената и нејзиниот сопруг.
На 08/09.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(30) од Скопје, Ј.Б.(26) од с.Катланово, скопско, Ф.И.(32) и Д.М.(30), двајцата од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, марихуана, ризли и три ножа. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино-с.Таор, скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Орешани,скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г.(21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.03.2026 околу 23:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Тоде Думба“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната К.П. и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Н. од Куманово, а при тоа биле удрени и три паркирани патнички возила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., а со телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 08.03.2026 во 10:43 во СВР Скопје е пријавено дека на патот кај Козјак, скопско, при пад од четирицикл, со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ.(44), а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ.(39), двајцата од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучевиште, скопско, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 76-годишната Љ.К. и Т.Д.(69). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 20:15 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(29) од с.Јурумлери,скопско, од една страна и Д.А.(19) и А.А.(44) од друга страна, двајцата од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.