Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 09.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 08.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Г.(25) и А.К.(27), двајцата од Скопје и В.С.(40) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 08.02.2026 во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен.

 

На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.

 

На 08.02.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи. Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.02.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени  МДМА таблети, кокаин, метамфетамин, марихуана и две дигитални ваги.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале. С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот. 

 

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23),  М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во с. Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу  клубовите Башкими и Куманово, со тврд предмет го  нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб Башкими. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 08.02.2026 во 20:00 часот на ул.„Дабничка” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.А.(40) и И.Џ.(27), двајцата од Прилеп, постапувајќи по пријава дека истиот ден во населба „Три багреми” во Прилеп со остар предмет го нападнале С.А.(36) од Прилеп и му нанеле повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 08.02.2026 во 21:25 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје, го приведоа Н.Р.(42) од Скопје, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со М.А.(20), М.А.(21) и Д.Д.(23), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 08.02.2026 во СВР Скопје, А.Ќ.(59) од Скопје пријави дека околу 03:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица со употреба на физичка сила му одзеле мобилен телефон и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.02.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир било опожарено патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(21) од Скопје. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот. Нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.02.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор-Скопје е пријавено дека во просторија во установата пронајдени се и одземени мобилни телефони и други предмети. За настанот е известен јавен обвинител, а од страна на полициски службеници предметите се подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

Мени за пристапност