Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 06.04.2025

На 05.04.2025 година во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата „Андон Слабејко“ во Прилеп, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ.(75) удрило во велосипед управуван од М.Т.(50), инаку двајцата од Прилеп. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 05.04.2025 година во 09.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучка Волково, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И.(25) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, потоа неговиот сопатник Б.Б. и уште еден малолетен сопатник констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(56) констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 05/06.04.2025 година на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.А.(35), М.Т.(32), И.А.(20), Д.М.(19), Н.Ј.(29) и двајца малолетници сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, таблети и нож. По целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 05.04.2025 година во 23.20 часот во СВР Скопје, 24-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т.(54) со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.04.2025 година во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13) која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 05.04.2025 година во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Л.(28) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12.00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 05.04.2025 година околу 13.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во село Р’жаничино, скопско, по претходно недоразбирање, Б.Б.(64) од село Катланово,скопско бил физички нападнат од М.С.(30) од село Трубарево, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 05.04.2025 година во 08.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во село Блаце, скопско настанал пожар во плевна сопственост на А.Б.(40) од село Блаце, при што била опожарена целата плевна, во која имало трактор и разни предмети, алати и друго. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 05.04.2025 во 21.40 часот во СВР Скопје, К.Б. пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од три лица, при што му биле одземени новчаник со пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 05.04.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир. Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека Е.Ѓ.(29) агресивно се однесувала, удирајќи по патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ј.Б.(39) и сопатникот Е.Ѓ. (29) сите од Скопје, при што физички ги нападнала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 05.04.2025 година на ГП Табановце бил остварен службен контакт помеѓу раководители на ГП Табановце и ГП Прешево, поради предавање на дете по полициски пат, при што бил примен македонски државјанин 17 малолетник село Калиште, струшко. Од страна на српски полициски службеници при вршење на пасошка контрола и гранични проверки, кај малоелетникот била пронајдена една провидна ПВЦ ќесичка во која се наоѓала непозната тревкаста материја во зелена боја за која постои сомнение дека се работи за опојна дрога Марихуана.Известени се ДОЦ на РЦ Север и СВР Куманово, како и инспектори по малолетничка деликвенција, семејно насилство и ОНТДО при СВР Куманово. По добиени насоки а заради постоење сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ малолетникот со Потврда за предавање на лице, бил предаден на инспектори по малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 06.04.2025 година во 01.58 часот во ПО Галате бил пријавен пожар во куќа во село Дебреше. Од страна на полициски службеници излезено е на место на настанот, известена била и ТППЕ. Пожарот избувнал на вториот кат од куќата и од страна на ТППЕ Гостивар тој е целосно локализиран во 03,10 часот. При гаснењето на пожарот во една просторија во приземјето забележано е огнено оружје (пиштол) марка Екол Дуеле. Иако во куќата во моментот не живее никој, таа е во сопственост на лицето Б.В. од с. Дебреше кој моментално издржува- мерка Притвор во КПУ Затвор Скопје -Скопје во врска со извршеното КД убиство. Увид ќе се врши во текот на денов.

На 06.04 2025 година во 03.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека Д.Т. (35) од Куманово физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и при тоа Д.Т. проголтал опаковка со непозната материја. Истиот бил пренесен во Општа болница Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“. На 22.08.2024 во Казнено поправната установа Затвор Скопје, затворска полиција извршила претрес во бифето на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и хероин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовлaстено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.03.2025 на Бит Пазар, на импровизирана тезга, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши продажба на различни пиротехнички средства, при што истите биле одземени.

Мени за пристапност