На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с. Гајре, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со должници и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривично дело. Подоцна, со судска наредба, во присуство на адвокат, неговата сопруга и неговиот брат, биле извршени претреси во два негови станови во Тетово, како и во семејниот дом во с.Гајре. Притоа, во едниот стан во Тетово и во домот во с.Гајре биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, тетратки со списоци од должници и телефонски броеви, три лап-топ компјутери, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.03.2025 во 17.15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.03.2025 во 16.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Велес, кој бил баран по распишана централна потерница. Притоа, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ч.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(32) од с.Боговиње, тетовско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека од Основен кривичен суд Скопје му била определена мерка притвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
На 04.03.2025 во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед управуван Б.К.(78) од Скопје. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил спроведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.03.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атaр на село Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.03.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(48) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека во с.Булачани, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 04.03.2025 во 19.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.П.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје била касната од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против А.Х.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 27.02.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од А.Х., во кое сопатник бил И.Х., при што била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(58) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јуни и јули 2024 во негов продажен објект во Гостивар, пријавениот довел во заблуда едно лице од кичевско дека до средината на септември ќе му набави и достави стока за што му зел 4.100 евра, но до пријавувањето не го сторил ветеното.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ш. од с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 во с.Жировница, пријавениот презел градежни дејствија во недвижен имот сопственост на едно лице од с.Жировница, без претходно да добие одобрение за градење. Со ваквото дејствие го оштетил буџетот на општина Маврово и Ростуше, односно државниот буџет, избегнувајќи да уплати комунални и други давачки кои се однесуваат на обезбедување на потребна документација за извршените градежни работи.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.З.(27) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03.09.2024 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршен преглед на патничко возило, управувано од лице од Струмица, пријавениот ја злоупотребил службената должност и овластување, на тој начин што на лицето му пресметал за плаќање помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 41.433 денари на штета на Буџетот на РСМ.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27.09.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што бил пронајден и одземен амфетамин, кој претходно го набавил од пријавениот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.П.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен канабис.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ш.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.10.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
На 04.03.2025 во 19.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода О.Н.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитални ваги со траги од прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 05.03.2025 во 01.30 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, била пронајдена грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на улица „Кленоец“ во Охрид, а потоа и при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.И.(39) од гостиварското село Форино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 26.02.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека пријавениот врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.
На 04.03.2025 во 14.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.К.(35) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 09.50 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(55) од Неготино. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 04.03.2025 во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 04.30 часот на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(75) од Скопје и неговиот сосед В.Д.(45) од Тетово, со престој во Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје, Е.Х.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.45 часот, додека управувал автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Б.Џ.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кондово, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(31) и С.С.(42), двајцата од с.Кондово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 13.30 часот во СВР Скопје, И.С.(53) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Џ.Б.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во парк на ул.„Никола Русински“ на подрачјето на Карпош во Скопје паднало дрво врз десетгодишно дете од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
На 04.03.2025 во 14.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека дома се вратила нејзината ќерка М.А.(15) од Скопје, за која на 12.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот.
На 04.03.2025 во 11.30 часот во СВР Битола, М.Р.(62) од Битола пријавил дека на ул.„Илинденска” во Битола била касната од куче скитник.
На 04.03.2025 во 15.30 часот во СВР Битола, М.Д.(22) од Битола пријавил дека на ул.„Широк сокак” во Битола бил каснат од куче скитник.
На 04.03.2025 во 13.30 часот, Г.Ц.(71) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „Димитар Влахов“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, М.Ѓ.(78) од Кичево пријавил дека на улица „Илинденска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 04.03.2025 во 10.36 часот во Полициската станица Велес, Б.Н.(71) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.