На 02.03.2025 во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од с.Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.03.2025 во 00.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(20) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 01.03.2025 во 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (37) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.03.2025 во 21.15 часот во Скопје, на паркинг простор на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Е.О.(21) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.03.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ш.(34) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.03.2025 во 10.00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром– Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода У.Ј.А.(21) и 14-годишник, двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека приложиле португалски фалсификувани патни исправи. У.Ј.А бил спроведен во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека по наредба на Јавен обвинител, малолетникот бил предаден на родител.
На 02.03.2025 во 21.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 02.03.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(21) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, поради претходно нарушени меѓусебни односи, била физички нападната од нејзината сосетка А.Г.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.03.2025 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорги Капчев 10“ настанал пожар во куќа сопственост на А.Ј.(34) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 02.03.2025 во 16.30 часот во СВР Битола, С.П.(33) од Битола пријавила дека на ул.„Григор Прличев” во Битола била касната од куче скитник.
На 02.03.2025 во 09.20 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(47) од Прилеп пријавила дека на ул.„Цане Кузманоски” во Прилеп, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 21.01.2025 пред спортска обложувалница во Скопје, пријавениот физички го нападнал У.Ш.(37) и му го одзел мобилниот телефон.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „насилство“. На 09.11.2024 во казино во Куманово, пријавениот физички го нападнал З.Р. од с.Отља, липковско и му нанел тешки телесни повреди, по што физички го нападнал и И.С. од Куманово.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.О.(28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“. На 03.06.2024 на место викано „Борула“, полициски службеници во кординација со шумска полиција го затекнале пријавениот со возило комбе „форд“ натоварено со бесправно исечено огревно дрво, при што тој не застанал на даден знак од службениците и побегнал. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.А.(38) и А.И.(31), двајцата од с.Дебреште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „кражба“. На 14.11.2024, полициски службеници пред с.Рилево, запреле патничко возило „форд транзит“ кое го управувале пријавените без согласност на сопственикот, при што било констатирано дека вршат транспорт на бесправно исечени дрва, кои потекнувале од државна шума и за кои не поседувале соодветна документација.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2023 и 2024, пријавената во својство на директор на основно училиште во Ново Село, самата се назначувала за ментор на приправници за образовни асистенти, за што добивала парични средства во износ од 10% од нејзината бруто плата, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 147.456 денари во 2023 година и 155.904 денари во 2024 година.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.Б.(53) од с.Амзабегово, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.12.2024 во продавница во с.Амзабегово, сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле контрола при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(23) и Д.Т.(23), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.02.2025 во Куманово, откако биле забележани од полициски службеници, пријавените побегнале и притоа фрлиле тегли со марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(20) и М.В.(18), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.01.2025 во Куманово, пријавените физички го нападнале Л.В.