На 01.08.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „1“ во село Ржаничино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „там“ со скопски регистарски таблички, управувано од М.А. (48) од селото Долно Коњари и мотоцикл „сузуки“, управуван од Н.М. (32) од село Петровец, скопско. Во несреќата Н.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје.
На 01.08.2025 околу 13:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Куманово на булеварот „3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од А.С. (61)) од Куманово и мопед „кимко“ со кумановски регистарски таблички, управуван од Д.З. (30) од село Опае, кумановско. Во несреќата Д.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа во Куманово.
На 01/02.08.2025 на подрачјето на Скопје полициски службеници при СВР Скопје на различни локации ги лишија од слобода Б.А. (20), Д.Ј. (25), Б.Л. (50) и М.А. (37), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По расчистување на случаите против нив ќе следат соодветни поднесоци.
На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57). Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
На 01.08.2025 во 14:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(44) од Тетово, постапувајќи по пријава од А.М.(52) од Тетово, дека истиот ден околу 09.30 часот, А.Б. отишол во неговата канцеларија и поради судска постапка агресивно се однесувал кон него и му се заканувал. А.Б. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 144 ст.4 од КЗ.
Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД Затвор Идризово бил донесен затвореникот С.Д., но поради тешката здравствена состојба, тој починал во 03:07 часот. За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено за обдукција.
Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот во ПС Драчево 41-годишна жена од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 23:30 часот од страна на нејзиниот поранешен сопруг Б.С. со тврд предмет било оштетено нејзиното патничко возило „пасат“, а и упатувал и закани. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2025 во 19:40 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесена со повреди А.Г.И. (55) од Скопје, која истиот ден околу 17:10 часот на автобуска постојка во населбата Автокоманда била физички нападната од машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (02.08.2025) во 00:14 часот во СВР Скопје Б.С. (39) од село Крушопек, скопско, пријавил дека пред угостителски објект во селото Крушопек, бил физички нападнат од М.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2025 во 19:51 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото, а, според пријавеното, бил нападнат од страна на нивниот сосед С. Т. (45). Од страна на полициски службеници од НККР при ОВР Виница, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.