Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 02.03.2025

На 01.03.2025 околу 21 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории на Ф.И.(31) од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Ф.И. бил лишен од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар, удрило во Б.Л. (25) од Битола. Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол, по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка. По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.

 

На 01.03.2025 во 22.55 часот во Скопје, во казино на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(38) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста бела материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.03.2025) во 00.30 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(46) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.03.2025) во 01.05 часот во Скопје, пред хотел на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.03.2025) во 03.40 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.03.2025) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(38) од Стар Дојран, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


Денеска (02.03.2025) во 02.25 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ф.(22) и Д.М.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 01.03.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода М.П.(28) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.03.2025) во 03.32 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во шеталиштето во установата, во кеса била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.03.2025 во 11.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„Трајко Прокопиев“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(44) од Куманово, и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(42) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 01.03.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.Н.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 01.03.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, Н.Ј.(18) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Русински“ во Скопје била касната од куче скитник.


На 01.03.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.В.(63) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.03.2025 на место викано „Куклишка раскрсница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.(21) од Гевгелија. При преглед кај него била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.03.2025 во 18.40 часот на крстосницата од улица ,,Благоја Тоска" со улица ,,29 Ноември" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.З.(18) од Тетово. Кај него биле пронајдени и одземени 10 пакувања со марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.03.2025 во 14.45 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата „Св.Стефан“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги приведоа Џ.М.(36) и Д.К.(35), двајцата од Охрид. Претходно, полициска патрола од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, преземајќи службени мерки, сопрела патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, во кое двајцата се превезувале и при преглед, во возилото пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.03.2025 во 00.30 часот, во ОВР Кичево лишени од слобода се Ј.В.(38) и С.С.(34), двајцата од Кичево. При преглед во возило „голф“ во кое се превезувале, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 01.03.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско, пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на Карпош, додека управувал такси возило, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, патот му бил попречен од друго возило и бил физички нападнат од Ф.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.03.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје, Ф.И.(44) од Скопје пријавил дека на 28.02.2025 околу 19.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.03.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(61) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека пред продажен објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од С.У. и Л.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (02.03.2025) во 03.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишен малолетник, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 01.03.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А.(20) од с.Сарај, скопско затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот во февруари и во август 2024 во Битола, на две лица им продал амфетамин и метамфетамин.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Н.(48) и против К.З.(35), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што биле пронајдени и одземени марихуана и метамфетамин.

 

На 01.03.2025 во 08.00 часот во ОВР Крушево М.Х.(38) од Крушево, вработен како полициски службеник во ОВР Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, кој пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР Крушево му бил одземен службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Мени за пристапност