Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.03.2025

Денеска (01.03.2025) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.П.(25), П.П.(24) и Д.С.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.02.2025 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 28.02.2025 во 12.35 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


На 28.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(56), и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.С.(49), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 28.02.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 28.02.2025 во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Гоце Стојчески“ во Тетово патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево, тетовско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2025 во 18.40 часот во Полициската станица Чаир, С.Т.(28) од с.Црешево, скопско, пријавила дека на ул.„Призренска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

На 28.02.2025 околу 23 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата на ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која М.С. (46) од Битола, кој управувал мопед „јијинг" со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата М.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 28.02.2025 во 23 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на патот за с.Лениште,прилепско, пронашле паковка во која имало марихуана и прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 28.02.2025 во 19.40 часот, на ул.„Прогрес" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ф.Ј.(29) од Битола и В.Н.(21) од с.Суводол, демирхисарско. При преглед кај Ф.Ј. биле пронајдени паковки со грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 28.02.2025 во 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Горан Миноски" во Прилеп го лишиле од слобода М.Т.(35) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 28.02.2025 во 13.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот A3 Битола-Прилеп, кај надвозникот за с.Тополчани, товарно моторно возило „терберг" со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(38) од Прилеп, излетало од коловозот. По несреќата, возачот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

На 28.02.2025 во 11.56 часот, во СВР Битола било пријавено дека во дворот на Педагошкиот факултет на ул.„Генерал Васко Карангелевски" во Битола била пронајдена граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола истата е подигната и утврдено е дека се работи за артилериска граната кал.75 мм од Прва светска војна.

 

На 28.02.2025 во 10 часот на ул. „Егејска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Ш.(31) од Прилеп, кој бил баран врз основа на наредба издадена од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од шест месеци.

 

На 28.02.2025 во 07.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода А.Д.(47) од Велес. При извршен претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја. А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.

 

На 28.02.2025 во 13.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.02.2025 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.П.(24) од Валандово, Р.Ј. (24) од Струмица и З.П. (34) од Струмица. При претрес на домот во Струмица, во кој престојувал Б.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени кеси со бела прашкаста материја, кеса со марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Претходно, пред домот во кој престојува Б.П., заедно со Р.Ј. и З.П. биле затекнати при купопродажба на дрога. При преглед кај Р.Ј. била пронајдена марихуана, а З.П. побегнал од местото, но подоцна бил пронајден од страна на полициски службеници. Б.П., Р.Ј. и З.П. се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 28.02.2025 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(35) од Струмица. При претрес на неговиот дом во Струмица, извршен со судска наредба, биле пронајдени полиетиленски пакувања и тегла со зелена растителна материја, семки и дигитална вага. Д.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 28.02.2025 во Гевгелија полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.П.(27) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом во Гевгелија, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела грутчеста материја, растителна материја, дигитална вага и дробилка. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Д.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 01.03.2025 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Н.(24) од село Бучим, радовишко. Тој бил баран по потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде издржувал затворска казна во траење од седум месеци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Лицето имало за доиздржување еден месец и три дена. Е.Н. е спроведен во КПУ Затвор Струмица за доиздржување на казната.

 

На 01.01.2025 во СВР Тетово 58- годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен за 200.000 евра од Е.И.Ј.(47) од Нигерија, Б.А.(45) и Л.Ј., двајцата од Литванија, кои ги запознал преку Љ.С.(58) од липковско село, а во врска со изградба на фотоволтаици. Според пријавеното, оштетениот уплатил 200.000 евра во текот на 2023 година, и тоа во Хрватска, Шпанија и Германија, со договор дека и тие ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција. Но, тие не ги вложиле парите, а откако ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (01.03.2025) во 01.40 часот во Виница полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом, по претходна судска наредба, пронајдени биле и одземени марихуана, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.02.2025 во 17.25 часот во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес во домот на С.Ѓ.(30) од Кочани, по претходна судска наредба, при што биле пронајдени и одземени 15 парчиња боева муниција со калибар 6,35 мм. Во врска со настанот од слобода бил лишен Г.Ѓ.(57) од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 27.02.2025 во 18.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Кичево, лишен од слобода е А.Л.(59) од Кичево. При претрес во неговиот дом, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

 

Денеска (01.03.2025) во 03.00 часот во СВР Скопје Л.Г.(49) од Скопје пријавил дека околу 00.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиното поранешно момче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје М.А.(40) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар со тврд предмет била физички нападната од Ф.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје И.Д.(29) од Скопје пријавила дека околу 14.20 часот на подрачјето на Карпош едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата во која имало пари, документи и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Јурумлери,скопско по претходно недоразбирање околу паркирани возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(32), А.Д.(27), С.М.(47) и И.М.(26). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

На 28.02.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 22-годишен скопјанец пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка Б.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.02.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Н.Ј.(83) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

 

Денеска (01.03.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека претходниот ден околу 13.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот малолетен партнер и неговата сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

На 28.02.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(47) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 28.02.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Идризово,скопско на место викано „Наово“ настанал пожар во викендица, сопственост на И.Г.(84) од Скопје. Од пожарот зафатени биле и соседните дворови, сопственост на В.М.(52) и Р.М.(73). Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Мени за пристапност