Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 31.01.2026 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР  Скопје го лишија од слобода Т.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.В. (22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.12.2025 во Куманово полициски службеници извршиле преглед на патничко возило,  управувано од пријавениот, при што во багажниот простор биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 01.02.2026 во 00:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Б.(25) од Гостивар, поради тоа што физички нападнала полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 01.02.2026 во 02:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје, по претходна пријава дека на 31.01.2026 околу 21:00 часот во домот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.01.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје Р.Б.(64) и Ј.Б.(41), двајцата од Украина, пријавија дека околу 11:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање околу резервација за сместување, биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.01.2026 во 15:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје приведоа 17-годишник од Скопје, по претходна пријава дека физички го нападнал Д.Ј.(45) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.01.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, Ч.З.(43) од Турција, со привремен престој во Скопје, пријави дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, каде работел, бил физички нападнат од поранешниот колега А.Н.(37) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 31.01.2026 во 14:35 часот во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Г.Ј. (51) од Тетово, постапувајќи по пријава за семејно насилство извршено врз неговата сопруга. При алкотестирање на лицето му било констатирано присуство на 3,02 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 01.02.2026 во 00:36 часот Т.Д.(41) од Штип пријави дека на 31.01.2026 околу 22:00 часот во угостителски објект во с.Стар Караорман неговиот син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност