Денеска (01.01.2025) околу 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.С.(42) од с.Ново Село, скопско и М.А.(24) од нас. Илинден, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети-екстази. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 04.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.П.(59) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 07.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.Д.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 00.50 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.З.(27) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 03.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода В.С.(38) од Виница, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода З.Д.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода П.В.(28) од Германија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.И.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која товарно моторно возило „исузу" со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(40) од Македонски Брод, удрило во С.С.(54) од Прилеп. С.С. била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
На 31.12.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот, кај наплатна рампа Смоквица, во правец кон Гевгелија, патничко возило „мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од И.Е.(62) од Р.Грција излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 31.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(18) од с.Ломница, гостиварско, удрило во паркирано патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано од Д.Ш.(39) од Гостивар и во пешак М.А.(65) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката Д.Ј.(26) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 31.12.2024 во 20.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода С.Б.(60) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 15.40 часот во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе го лишиле од слобода К.Т.(38) од Свети Николе. При претрес на куфер, кој го донел во Казнено поправниот дом Штип, а наменет за осуденикот во установата С.А.(44) од Скопје, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје бил извршен службен разговор со осудените лица С.А. и А.Д.(42) од Свети Николе. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.12.2024 во 23.10 часот во с.Липково, кумановско, полициски службеници од Полициско одделение Матејче ги лишиле од слобода А.Б.(18) и Р.Ф.(19), двајцата од с.Сопот, кумановско, затоа што при извршен преглед во патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое А.Б. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром, С.И.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 31.12.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Е.(52) од с.Инџиково, скопско, пријавила дека на ул.„Маџари“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 31.12.2024 во 11.00 часот во Полициска станица Кочани, В.З. пријавил дека во Градскиот трговски центар во Кочани, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 31.12.2024 во 15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор Прилеп била пронајдена прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.12.2024 во 19 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Девеани" во Битола, пред влез на Казнено поправната установа Затвор Битола, го лишиле од слобода А.М.(44) од Битола, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 31.12.2024 во 15 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола го лишиле од слобода Н.Р.(56) од Битола, кај кого, на тезга во градскиот пазар биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 31.12.2024 во 18.30 часот на место викано „Доброшински мост“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.В.(22) од село Злеово, радовишко. При преглед на патничко возило со радовишки регистарски ознаки, била пронајдена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.12.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица. Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката. Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.
На 01.01.2025 во 08.35 часот во ПО Галате Х.А.(29) од с.Градец пријавил дека истиот ден околу 02.15 часот во с.Градец бил нападнат со остар предмет од Г.И. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.01.2025 во 01.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, приведени се српските државјани Д.Ќ.(20) од Панчево и А.К.(26), Л.С.(22), А.С.(21) и Л.М.(21), сите од Врање, кои претходно, пред објектот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб во спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 18.50 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.С.(39) и В.Ц.(28), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 15.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Ф.Е.(41) од Скопје, поради тоа што околу 14.00 часот физички ја нападнала В.Б.(49) од Скопје, при што употребила и остар предмет, а исто така и упатувала и закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Р.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од неговиот сосед Е.Ч. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 31.12.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Н.А.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечиле неговите ќерки В.Н.(15) и Л.Н.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 31.12.2024 во 20.53 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Г.В.(47) од Скопје. Според пријавеното, околу 19.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 31.12.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје Н.Р.(28) од Скопје пријавил дека околу 00.15 часот пред, а потоа и во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од неколку лица, а според пријавеното одземен му бил и рачен часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.12.2024 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле С.Д.(42) од Црна Гора, поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок непријавен престој во државата. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Денеска (01.01.2025) во 03.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.В.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03.00 часот, пред влез на угостителски објект, заедно со неговиот брат М.В. физички го нападнале Л.В.(19) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 04.00 часот во СВР Куманово, Ж.С.(69) од Куманово пријавил дека околу 02.00 часот на место викано „Стари лозја“ во Куманово, бил физички нападнат од едно лице кое го превезувал како патник со такси возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.01.2025) во 03.45 часот во с.Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.П.(27) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од Д.Д.(44) од с.Биљановце, кумановско, дека околу 03.15 часот во угостителски објект во с.Доброшане, физички го нападнал нејзиниот малолетен син и неговиот другар, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (01.01.2025) во 02.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека пред угостителски објект во Куманово, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу М.Т. и малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.12.2024 околу 20.00 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Р.К.(34) од Куманово. Според пријавеното, со повредите се здобил во с.Долно Којнаре, откако бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.12.2024 во 11.45 часот, во ОВР Крива Паланка, И.М од с.Конопница, кривопаланечко, пријавил дека во селото настанал пожар во патничко возило „пежо 306“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на неговиот син, кое подолго време било паркирано. Од Територијалната противпожарната единица, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.
На 31.12.2024 во 11.25 часот во с.Ранковце, Крива Паланка, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, го лишиле од слобода Г.Ѓ.(51) од с.Конопница, кривопаланечко, затоа што при извршен преглед во товарно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки кое тој го управувал биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.